Дали знаевте дека овој вид храна и пијалаци може да придонесе за појава на кариес?

Дали знаевте дека овој вид храна и пијалаци може да придонесе за појава на кариес?

Кога станува збор за здравата исхрана, многу луѓе може да го занемарат своето орално здравје.

Дали знаевте дека овој вид храна и пијалаци може да придонесе за појава на кариес?

Сепак, одредена храна и одредени видови пијалаци можат да влијаат на вашата уста и забите на повеќе начини. Истражувањата покажале дека различни видови храна можат да придонесат за расипување на забите. Ова се случува кога површинската глеѓ на забите ќе се оштети и ако не се лекува навремено, може да доведе до расипување на забите, инфекција, болка, па дури и губење на забите.

Покрај редовното миење на забите, треба да бидете свесни дека и следните видови храна и пијалаци можат видно да ги оштетат вашите заби.

Рафинирани јаглехидрати

Одредени јаглехидрати како лебот и чипсот може да доведат до расипување на забите. Според стоматолозите, бактериите во устата се хранат со шеќерот кој се наоѓа во јаглехидратите, што може да придонесе за формирање наслаги и расипување на забите. Затоа, неопходно е да користите забен конец по консумирањето јаглехидрати. Исто така, изберете поздрави јаглехидрати како овошје, зеленчук и цели зрна.

Кисела храна

Киселата храна како што се доматите и оцетот може да ја ослабне глеѓта. Иако овие намирници се здрави, киселините во нив може да ја нагризат вашата глеѓ и да предизвикаат расипување на забите. Ако сепак одлучите да јадете кисела храна, задолжително исплакнете ја устата со вода за да ја неутрализирате киселината.

Слатки и сушено овошје

Храната како што се слатките или дури и сувото овошје може постепено да доведе до проблем со забите со текот на времето. Оваа храна се заглавува меѓу забите и може да биде тешко да се отстрани само со четкање. Исто така, често содржи шеќер, што може да доведе до расипување на забите.

Зашеќерени газирани пијалаци

Газираните сокови, енергетските пијалаци и засладените чаеви исто така можат да придонесат за расипување на забите. Шеќерот во овие пијалаци лесно се лепи за забите и го поттикнува растот на бактериите што произведуваат киселина, а тоа може да доведе до таложење на наслаги што предизвикува расипување на забите, шуплини и промена на бојата на забите.

Откако прочитавте за видовите храна кои можат да го зголемат ризикот од кариес, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар