Дали знаевте дека овој коктел е прогласен за еден од најдобрите коктели во 21 век?

Дали знаевте дека овој коктел е прогласен за еден од најдобрите коктели во 21 век?

Рецептот за модерно-класичниот коктел Пеницилин бил предложен од страна на Сем Рос кој работел во познатиот бар Milk&Honey во средината на 2000-тите. Коктелот се карактеризира со слатко-кисел вкус, а за целосно да уживате во неговата арома, се препорачуваат парчиња кандиран ѓумбир. Во продолжение прочитајте го рецептот.

Дали знаевте дека овој коктел е прогласен за еден од најдобрите коктели во 21 век?

Потребни состојки:

  • 60 милилитри мешано шкотско виски
  • 22 милилитри сок од лимон
  • 22 милилитри сируп од мед и ѓумбир
  • 7,5 милилитри виски

Начин на подготовка:

1. Излупете го парчето ѓумбир и исечете го на парчиња. Префрлете ги во сад за готвење заедно со 340 грама мед и 2,5 децилитри вода и оставете ја смесата да зоврие. Продолжете да варете уште 5 минути на умерена температура. Потоа, смесата оставете ја да отстои преку ноќ во фрижидер, а наредниот ден процедете ја со газа.

2. Измешаното виски, лимоновиот сок и сирупот (22 милилитри) добро протресете ги во шејкер со мраз. Сипете во чаша и украсете со парче кандиран ѓумбир.

Откако го прочитавте рецептот за еден од најпознатите коктели, можеби ќе сакате да ги прочитате и рецептите за безалкохолни коктели кои ќе ве разладат за време на летните горештини.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар