Дали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?

Дали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?

Витаминот Д е особено важен за правилното функционирање на нервниот, мускулно-скелетниот и имунолошкиот систем и може лесно да се добие од храна и сончева светлина, но и покрај бројните додатоци, неговиот недостаток е сè уште чест проблем.

Дали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?

Витаминот Д е еден од многуте витамини што му се потребни на нашето тело за да остане здраво. Има клучна улога во одржувањето на рамнотежата на калциумот во крвта и коските и во градењето и одржувањето на коските.

Хроничниот недостаток на витаминот Д води до намалувањето на апсорпцијата на калциум и фосфор во цревата, а тоа пак, резултира во ниски нивоа на калциум во крвта. Оваа состојба може да предизвика симптоми како мускулна слабост, грчеви, замор и депресија.

Недостатокот на витамин Д може да доведе и до зголемен ризик од фрактури на коските, а некои студии дури покажале дека луѓето со недостаток на витамин Д имаат поголем ризик од срцев удар.

Иако секој може да има недостаток на витамин Д во телото, оваа состојба најмногу се манифестира кај доенчињата, децата и возрасните над 60 години. Освен тоа, луѓето со зголемена содржина на меланин во кожата, исто така, се соочуваат со недостатокот на овој важен витамин.

Откако прочитавте за значењето на витаминот Д и неговата улога во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и дали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар