Дали знаевте дека можете да го контурирате лицето и без шминка?

Дали знаевте дека можете да го контурирате лицето и без шминка?

Се навикнавме да гледаме илјадници мејкап артисти кои ги покажуваат своите вештини за контурирање, но овој пат станува збор за нешто што не сте го виделе никогаш досега.

1-dali-znaevte-deka-mozhete-da-go-konturirate-vasheto-lice-i-bez-shminka-vi-garantirame-deka-e-fantastichno-www.kafepauza.mk_

Фара Дукаи е бјути блогерка која неодамна на својот Инстаграм профил поставила видео во кое покажува еден сосема нов начин на контурирање. Она што е поразлично и единствено е што таа не користи никаква шминка за извлекување на контурите. Видеото достигна преку милион прегледи и нуди еден алтернативен начин на контурирање со производи кои веќе ги имате во вашиот дом.

Потребни ви се две смеси. Првата смеса е направена од јогурт, мед и ливчиња од ружа, а другата од зрна кафе, какао и мед. Таа ги применува двете смеси на деловите кои сака да ги контурира. Откако маската ќе се исуши, измијте го лицето со млака вода, користејќи кружни движења. Резултатот ќе ве остави без здив.

2-dali-znaevte-deka-mozhete-da-go-konturirate-vasheto-lice-i-bez-shminka-vi-garantirame-deka-e-fantastichno-www.kafepauza.mk_

Ливчињата од ружа ќе ја осветлат вашата кожа, додека пак медот е полн со антиоксиданси и ќе ја направи вашата кожа сјајна. Медот, исто така е одличен за лекувањето на акните, бидејќи содржи антибактериски карактеристики. Јогуртот содржи киселини што ќе ја смират кожата. Кафето ќе го собери вишокот влага, па вашиот тен ќе стане потемен на одредени места, а какаото ќе направи вашата кожа да изгледа поцврсто.

Погледнете го видеото за повеќе информации:


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар