Дали знаете зошто сексот е како смеењето?
Навидум целосно неповрзани, сексот и смеењето имаат неколку заеднички работи. Што ви текнува најпрво кога ќе се спомне поврзаност помеѓу секс и смеење? Најверојатно прво нешто што ви паѓа на памет е пријатно чувство. Ви претставуваме интересен поглед на факторите што ги поврзуваат омилената активност и „најдобриот животен лек“.
Сексот и смеењето делуваат релаксирачки
И сексот и смеењето се проследени со низа биохемиски реакции што го снижуваат нивото на хормонот за стрес – кортизол. Двете активности во целост го помагаат испуштањето ендорфини и го јакнат имунолошкиот систем. Ендорфинот, како што е познато, помага за олеснување на болка. Во текот на сексот кај жените се подига нивото на естроген што влијае на послаби симптоми на предменструалниот синдром.
И со сексот и со смеењето се вежба
Дејството на смеењето, сексот и физичките вежби на телото се речиси идентични. Сите три активности поттикнуваат излачување ендорфини овозможувајќи добро расположение. За смеење користиме околу 80 мускули коишто силно делуваат на подрачјето на стомакот. Иако смеењето не може да го замени вежбањето, тоа може да го поправи ефектот од вежбањето. Во текот на жежок секс може да се согорат околу 200 калории – исто толку се губат и при 15 минутно трчање. Исто така срцето им чука побрзо на сексуално возбудените луѓе, бројот на отчукувања може да порасне од 70 на 150 отчукувања во минута.
Ја поттикнуваат активноста на мозокот
Кога се смееме, мускулите на лицето се собираат и опуштаат. Таа активност на фацијалните мускули го подобрува дотокот на крв во мозокот односно се подобрува менталната активност. Со други зборови, способни сме да размислуваме иновативно и брзо да донесуваме одлуки. Последните истражувања покажуваат дека и сексот делува на истиот начин.
Тие нудат заштита од настинка
И сексот и смеењето го зајакнуваат имунолошкиот систем, па затоа луѓето што се смеат често помалку се подложни на настинки и вирози. Истото важи и за сексот – луѓето кои практикуваат секс барем 2 пати неделно, во оргазмите имаат 30% поголема количина антитела наречени имуноглобулин А, во однос на оние кои го практикуваат поретко.
Сексот и смеењето преку фази
За женското смеење се направени сеопфатни студии. Експертите тврдат дека во текот на смеењето и сексот се активираат истите делови кај женскиот мозок. Ова дава објаснување зошто жените имаат поголема сексуална желба кога се смеат. Имајте на ум дека кај мажите коишто се смеат поинаку, не доаѓа до следниве нешта.
Вовед
Како и кај започнување со секс, во текот на првата фаза на смеење, нашиот врат, раце и гради почнуваат да црвенеат, а телесната температура расте.
Секс
Втората фаза на смеење е слична со женското доживување оргазам – мускулите на лицето се напрегнуваат сами од себе, а кожата станува почувствителна. Жените почнуваат забрзано и нерамномерно да дишат, а брзо почнуваат и очите да се затвораат, создавајќи солзи.
После оргазмот
Кога жените ќе престанат да се смеат, мускулите се опуштаат, телесната температура и дишењето се нормализираат, а црвенилото се повлекува. Овие симптоми се еднакви на периодот после самиот секс.
Хуморот ја зајакнува брачната заедница
Сексуалниот терапевт советува смеење во текот на секс под услов да не се работи за исмевање на партнерот! Смеењето и веселото расположение помагаат да се одржи огнот во сексуалниот живот. Освен тоа, паровите што имаат позитивен и опуштен пристап кон сексот, имаат поголеми шанси за постигнување оргазам, а со самото тоа и силна, среќна и емоционално задоволувачка врска.
Дознајте кој магичен збор може да го претвори сексот во незаборавно искуство.