Дали знаете што е демисексуалност и како можете да ја препознаете?

Дали знаете што е демисексуалност и како можете да ја препознаете?

Во последниве неколку години разбирањето на човечката сексуалност доведе до многу повеќе дефиниции од оние на едноставните поими како хетеросексуалност и хомосексуалност. На пример, оние луѓе кои можат сексуално, емотивно и духовно да се заљубат во личност од кој било пол, се идентификуваат како пансексуалци, оние што не чувствуваат никаква сексуална привлечност се асексуалци, доедка пак, оние што ги привлекува романтиката, а не сексуалноста, без разлика на полот, се нарекуваат себеси панромантичари. И листата продолжува…

dali-znaete-shto-e-demiseksualnost-i-kako-mozhete-da-ja-prepoznaete-www.kafepauza.mk

Можеби сте чуле за сите овие поими, но знаете ли што е демисексуалност? Овој поим можете да го најдете и како „полу-сексуалност“ или „сива сексуалност“, а означува состојба во која една личност може да почувствува сексуална привлечност само ако претходно постои и емоционална поврзаност. Со други зборови, демисексуалците не чувствуваат никаква сексуална привлечност кон партнерот ако најпрво не оформиле силна емоционална врска.

Какво е чувството да се биде демисексуален, најдобро може да се открие по личниот пример на новинарката Мерил Вилијамс која објавила статија за својата состојба:

„Пред неколку години се чувствував виновна бидејќи ги плашев луѓето со кои излегував на љубовни состаноци. Не сакав да им објаснувам зошто не сум подготвена на интимен однос, па најчесто врските брзо ми се распаѓаа… Работата е што го ставам интелектот и смислата за хумор пред физичката привлечност. Ако мажот не каже ништо навредливо и успее да ме насмее на првиот состанок, најверојатно ќе излезам повторно со него. Сепак свесна сум дека нечии позитивни особини не гарантираат и физичка привлечност. Едноставно мора да се биде трпелив додека се развијат емоциите и да се види што ќе се случи“, напишала таа.

И додека сексуалната ориентација и вкусот се различни од човек до човек, сепак за демисексуалците постои само еден единствен предизвик што може да се забележи од примерот на новинарката. Во денешно време не е вообичаено да се чека долго за сексуален однос, па демисексуалците најчесто се доживуваат и како асексуалци.

Расположени сте за тест? Решете го овој тест и дознајте колкав е вашиот сексуален коефициент на интелигенција!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар