9 секојдневни работи кои ги правите погрешно
Нашите рутини обично се прилично здодевни, се согласувате? Ние секојдневно вршиме толку мали активности што речиси никогаш не сме се запрашале дали постои вистински или погрешен начин на кои ги извршуваме. Затоа ви предложуваме да посветите поголемо внимание на овие мали секојдневни активности за да направите мала, но позитивна промена во вашиот живот.
1. Користите премногу сапун во текот на туширањето
Нашата кожа станува посува како што старееме, а сапунот ѝ прави уште полошо. Обидете се да користите мала количина сапун и само на местата каде што е најпотребно, како што се кожните набори. Сапуницата која се слева по вашето тело е повеќе од доволна за да останете чисти.
2. Работите без да ги испланирате вашите паузи
Сите ние имаме време кога сме најпродуктивни. Во текот на овие часови можеме полесно да се сконцентрираме, да бидеме активни и инспирирани, а како последица на тоа да постигнеме поголеми резултати. Проблемот е во тоа што ние не се обидуваме да ги пронајдеме нашите продуктивни часови, и не ја користиме нивната предност. Доколку се чувствувате мотивирано и фокусирано од 11 до 1 часот, тогаш немојте да правите пауза во 12. Планирајте ги вашите паузи за така што тие нема да ја „убиваат“ вашата продуктивност.
3. Одговарање на пораките од вашиот шеф на социјалните мрежи
Многу е важно да се постави граница помеѓу работниот и приватниот живот. Психолозите велат дека ние никогаш не треба да разговараме за проблемите од работата или да ја ставиме професионалната врска во апликациите за инстант пораки, како што е WhatsApp, бидејќи ние ги сметаме како нешто лично. Плус, доколку користите WhatsApp во комуникацијата со вашите шефови, тогаш тие ќе можат да видат дали сте ги примиле и прочитале нивните пораки, но сте избрале да ги игнорирате.
4. Додавате масло во водата за тестенини
Ако додавате масло во водата во која ги варете тестенините тогаш ќе го спречите сосот да се залепи за нив. За да зготвите совршени тестенини и да ги спречите да се залепат меѓусебно, вие само треба да користите вистинска количина на вода: 1 литар вода на 100 грама суви тестенини и 1,5 литри вода на 100 грама свежи тестенини.
5. Ги сушите вашите раце користејќи хартиени крпи
Дали некогаш сте се запрашале колку хартија користиме за да ги исушиме нашите раце во јавните тоалети? Милион килограми. Постои едноставна работа која сите ние можеме да ја направиме ако се грижиме за нашата планета. Сè што треба да направете е темелно да ги протресете рацете пред да ги исушите со хартиени крпи. Можеби е очигледно, но ова може да го спаси светот.
6. Дишете со вашите гради
Концентрирајте се на дишењето со помош на дијафрагмата, а не со градите. Соодветното внесување на кислород има позитивни ефекти врз вашиот нервен систем, помага во намалување на крвниот притисок, го намалува воспалението и болката, го подобрува целокупното физичко здравје, и го задржува стресот подалеку. Ако научите да дишете правилно, тоа исто така ќе ви помогне да управувате со вашите чувства.
7. Ги четкате вашите заби со хоризонтални движења на четката
Четкањето на забите со хоризонтални движења и не користењето на конец за заби се најверојатно најчести, но сериозни грешки. Правилното четкање на забите вклучува кратки вертикални движења, секогаш движејќи се од непцата до работ на забите. И уште една работа: Правилното четкање на забите треба да трае од 2 до 3 минути, но за жал, поголемиот дел од нас го игнорираат ова едноставно правило.
8. Започнувате да вежбате без претходно загревање
Запомнете дека доколку започнете да вежбате напорно, а сте го прескокнале загревањето, дури и кратките паузи може да бидат штетни за вашето тело. Многу е важно да ги вклучите загревањето и вежбите за флексибилност во вашиот тренинг и постепено да го зголемувате неговиот интензитет. И доколку сакате да избегнете повреди, не заборавајте ги вежбите за истегнување на крајот од тренингот.
9. Ја оставате отворена кесата од чипсот
Некои луѓе користат штипки за да ги запечатат половина изедените кеси од чипс, додека останатите само ги оставаат превиткани на половина, надевајќи се дека кесата нема да се отвори. Но, постои уште еден начин за да се справите со овие кеси. Овој интелигентен метод е инспириран од оригами, јапонска уметност и техника за виткање на хартија која служи за да се создадат различни предмети.