Дали знаете дека со одредена храна може да предизвикате рана менопауза?
Гинеколозите и ендокринолозите забележале дека кај одредени групи на пациентки менопаузата доаѓа околу една и пол година порано отколку што е вообичаено. Заедничко за оние кои ја искусиле прераната менопауза е дека сите генерално се хранеле со одреден вид храна, поради што и доаѓало до овој проблем.
Според неодамнешно британско истражување од Универзитетот во Лидс, исхраната богата со јаглехидрати, особено со скроб, може да доведе до предвремено завршување на месечните циклуси. Ова особено важи за оние чија исхрана се заснова на тестенини, ориз и компири. Ако вообичаен период од животот за започнување на менопаузата е околу 51-годишна возраст, при скробна исхрана тоа може да се случи меѓу 48-та и 49-та година.
Од друга страна, пак, исхраната богата со сина риба, грашок, грав и леќа може да ја одложи менопаузата за околу една година. Сепак, главен „виновник“ за тоа дали овој период ќе почне порано или подоцна се гените и општото репродуктивно здравје, а исхраната може да ја влоши или подобри состојбата.
Учесниците во истражувањето наведуваат дека овие сознанија се само ориентациони, но и се појдовна точка на разбирање на сите фактори и влијанија кои придонесуваат за рана или задоцнета менопауза. На пример, мешунките содржат антиоксиданси кои може подолго време да го одржат месечниот циклус. Рафинираните шеќери, пак, го зголемуваат ризикот за резистентност кон инсулинот, што пак може да доведе нарушување на хормоналната рамнотежа, која пак понатаму може да донесе ран престанок на работата на јајниците.
Потсетете се уште и кои се 4-те најчести митови за менопаузата во кои не треба да верувате.