Дали заборавате? Овие совети ќе ви помогнат околу тоа

Дали заборавате? Овие совети ќе ви помогнат околу тоа

Автор: Калин Бабушку

Во време на стресно живеење и обврски кои секој ден сè повеќе натежнуваат околу нас, заборавањето на работите е можеби и нормална работа. Но работата е дека сè повеќе и повеќе луѓето околу нас се „вадат“ на тој момент и дозволуваат сè почесто да забораваат на работи кои треба да ги извршат.

На заборавањето влијаат многу фактори, но речиси сите се поврзани со вас и зависат само од вас. Тука, би сакал со вас да споделам неколку работи кои би ви помогнале да го намалите заборавањето, да го исполните она што сте го ветиле.

Woman Forgets To Take Her Medicine

Одмор – Имајте време за одмор, затоа што само одморен мозок може да памети многу работи.

Подобра организација – Пробајте да одвоите време за ваша подобра организација и приоретизирање на работите.

Потсетници – Користете потсетници. Тие може да бидат од обично ливче, преку мобилен телефон, до потсетник во компјутер.

Одложување на работите – Извршувајте ги работите навреме и што порано. Немојте да ги одложувате.

Споделување – Замолете ги луѓето околу вас или тие директно инволвирани во работата, да ве потсетат.

ДА – Немојте веднаш да кажувате ДА. Размислете дали имате време за да ја извршите работата, и после кажете ДА.

Одредено место – Имајте одредено место каде што ќе ги оставате работите што треба да ве потсетат (фрижидер, работна маса итн.) од каде што може лесно да се потсетите што треба да направите.

Приоретизирање – Имајте начин на приоретизирање на работите. Тоа ќе ви помогне да не ги одложувате работите на кои треба да им дадете важност. Но немојте ова да ви овозможи тие работи што за вас не се толку важни, со тек на време воопшто да не бидат изреализирани и извршени.

Извинување – Имајте доблест да се извините на соодветната личност дека сте заборавиле да го направите тоа за што сте се договориле.

Секако дека има многу други работи кои може да ви помогнат да го намалите моментот на заборавање за извршување на работите. Многу важна работа, околу заборавањето, е да сте свесни дека тоа го правите и да прифатите дека треба нешто да промените. Откако тоа ќе го прифатите, сте направиле голем чекор.

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар