Дали врска на далечина може да успее?

Дали врска на далечина може да успее?

За некои луѓе врската на далечина може да биде многу тешка, па така многу парови кои пробале да ја одржат љубовта на овој начин не успеале во тоа. Истражувачите пак тврдат дека врската на далечина не е невозможна мисија. Клучот за опстанокот на ваквата врска лежи во начинот на кој размислувате. Наместо далечината да ја гледате како проблем, треба да ја гледате како предност. Еве неколку причини за тоа.

Дали врска на далечина може да успее?

Ваквата врска може да ве направи среќни. Во ваквата врска ќе имате многу повеќе време за да посветите на себе, во што спаѓа и здравиот начин на размислување и живеење. Ви се отвораат и портите за надградување на образованието и напредок во кариерата, што во иднина сигурно добро ќе ù дојде на вашата врска. Со други зборови, можете истовремено да се чувствувате среќно и исполнето, но истовремено и сакано, иако од далечина.

Врската може да ви биде совршена. Оние луѓе кои се сингл често се плашат од љубовта бидејќи им е страв да се врзат и да чувствуваат одговорност, додека на оние кои веќе се во врска им недостасува слобода. Вие можете да ги имате и двете работи.

Дали врска на далечина може да успее?

Никој не ве спречува во ништо. Често може да се чуе како некој кажува „Планирав да продолжам со образованието, но мојот партнер сакаше да основаме семејство“. За вашата врска ова нема да биде проблем, бидејќи можете слободно да продолжите да си го живеете сонот, без страв дека тој не е по плановите на партнерот.

Врската може да ви стане посилна и поздрава. Незадоволството на еден партнер од која било причина, може да ја уништи врската.  Вие имате шанса сето ова да го избегнете, бидејќи вашата врска нема да го има притисокот од секојдневните стресови и проблеми, од кои често можат да произлезат кавгите.

Двајцата ќе станете поинвентивни и пооригинални на љубовен план. Врската на далечина бара од двата партнери оригиналност во пронаоѓањето начин за искажување на љубовта. Токму затоа овие врски се посебни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Jeanette Reply

    Sekako deka ako se saka se se moze jas momentalno sum vo takva vrska i se e vo najdobar red duri uste poveke se zacvrsti vrskata i ni e super ! Uste poveke se zasakavme !

  2. Manuela Reply

    Veke 10 meseci imam vrska na dalecina i ova e najstabilnata i najzrelata vrska vo koja sum bila voopsto.Ako se saka se se moze.Imame megusebno razbiranje za site raboti i nivoto na komunikacija e na najvisoko nivo.Taka da mislam deka pouspesnite vrski se oni so se na dalecina!

  3. име Reply

    тешете се деца тешете се… дека е добро затоа едвај чекате а се видите пак..

Остави коментар