Дали во љубовта созреавте малку подоцна од другите? Овие нешта го докажуваат тоа

Дали во љубовта созреавте малку подоцна од другите? Овие нешта го докажуваат тоа

Не секој ја пронаоѓа својата љубов во средно училиште. Но главно, ние мислиме дека времето за првиот бакнеж и првата врска се токму тинејџерските години. Влегувањето во дваесеттите без да ги имаме искусено овие нешто за некого претставува вистински срам, но нема ништо срамно во тоа да задоцните малку во љубовта. Најважно е сите овие работи да ги испробате кога ќе бидете спремни и секако со вистинската личност.

1-dali-vo-ljubovta-sozreavte-malku-podocna-od-drugite-ovie-neshta-go-dokazhuvaat-toa-www.kafepauza.mk_

1. Се чувствувате чудно кога сте опкружени со лица од спротивниот пол. Потребно ви беше некое време за да сфатите дека не можете да ги разберете момците. Тие се како еден вид вонземјани кои сакате да ги проучите, но не знаете од каде да започнете.

2. Не се ни обидувавте да бидете нашминкани во средно училиште. Додека вашите пријателки експериментираа со моливот за очи, вие станувавте подоцна само за да се облечете и да излезете низ врата. Тие мислеа дека со шминката ќе бидат забележани од страна на момците, а вие едноставно не се грижевте за тоа.

3. Повеќе бевте фокусирани на кој факултет ќе се запишете отколку со кое момче сакате да излегувате. Уредно и убаво пополнета пријава за факултет е поважна од излегувањето со некое момче кое само ќе ви го скрши срцето.

4. Вашиот прв бакнеж беше толку чуден што вашиот втор бакнеж се случи неколку години подоцна. Сигурно имавте трема и не знаевте што правите со вашиот јазик. Не знаевте што всушност се случува, па решивте да заборавите на тоа.

5. Немавте дечко сè додека не навлеговте во дваесеттите. И не се грижевте за тоа. Гледавте што им се случуваше на вашите пријателки, па не се брзавте. Подобро би биле со некој кој има искуство во врските отколку со некој кој би требало да го учите на сè.

2-dali-vo-ljubovta-sozreavte-malku-podocna-od-drugite-ovie-neshta-go-dokazhuvaat-toa-www.kafepauza.mk_

6. Губењето на вашата невиност никогаш не ви била приоритет. Додека сите планираа каде, со кого и кога ќе го направат тој голем момент, вие уживавте и го славевте вашиот статус.

7. Ѝ превртувавте очи на вашата пријателка која беше „луда“ по момчиња. Бевте изморени од следење на нејзината листа со момчиња кои ѝ се допаѓаат, па почнавте да ги складирате во вашата меморија под разни прекари кои сами ги смислувавте.

8. Дури и кога момците покажуваа интерес за вас, вие не сакавте да ви пречат. Вие не се грижевте за денот кога момците ќе започнат да ве забележуваат. Дури и кога тие ќе покажеа интерес за вас, вие немавте време за нив и сите тие работи кои доаѓаат со врските.

9. Но, вие не бевте свесни за момците кои ве загледуваа. Ако вашата пријателка ви кажеше дека некое момче ве загледува, вие само ќе се завртевте, ќе се насмеевте и ќе продолжевте со својата работа.

10. Вашите стандарди се високи. Вие никогаш не се заљубувавте само во убавото лице. Ви беа важни и квалитетите, но никогаш не ги пронајдовте во момците на ваша возраст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар