Дали ви е страв од сериозна врска дури и откако сте го нашле вистинскиот?

Дали ви е страв од сериозна врска дури и откако сте го нашле вистинскиот?

Сигурни сте дека сте го нашле вистинскиот и сите знаци укажуваат на среќен крај. Компатибилни сте, удобно ви е и лудо сте вљубени еден во друг. Па зошто мислите дека сè уште ви е страв да изградите живот покрај него? Проблемот е што дури и ако сте навистина задоволни од сегашната врска, сепак можно е да се двоумите кога треба да се посветите некому засекогаш.

Дали ви е страв да се смирите дури и откако сте го нашле вистинскиот?

Нашите инстинкти се силни и обично се обидуваат да ни кажат нешто што треба да го прифатиме со цел да созрееме. Како и да е, важно е да знаете дека стравот од сериозна врска не значи дека нешто не е во ред со вас и дека не можете да имате здрава врска. Важно е да размислите за овие стравови за подобро да ја разберете вашата ситуација и да ги преземете потребните мерки. Ова се знаците кои покажуваат дека ви е страв од смирување, дури и ако сте сигурни дека вашиот партнер е вистинскиот.

1. Се прашувате што друго има надвор

Кога станува збор за состанување, сега имаме повеќе избор од кога било благодарение на апликациите и сајтовите за запознавање и љубовно состанување. Ако се прашувате дали можеби има некој подобар за вас, дури и ако навистина сте вљубени во вашиот партнер, тогаш веројатно не сте подготвени да се смирите.

Со други зборови, страв ви е дека ќе испуштите други романтични искуства. Без разлика колку сте задоволни во врската, не можете да се ослободите од љубопитноста за други потенцијални партнери кои можеби би биле подобри за вас.

Ова им се случува на луѓе кои не биле со многу луѓе, пред да започнат сериозна врска или имаат проблем со одлучноста. Ако се чувствувате вака, важно е да размислите дали постои нешто во сегашната врска што ве прави да бидете љубопитни, или пак причината е стравот всаден во вас.

2. Се чувствувате како врската да ве држи назад

Дали имате цела листа нешта што сакате да ги направите, места што сакате да ги посетите или цели што сакате да ги постигнете пред да се смирите? Ако мислите дека смирувањето со некого значи да ги жртвувате вашите цели, тогаш можно е да ги поврзувате врските со ограничувања и нормално е да ви е страв.

Додека врските навистина бараат многу време и енергија, тие не значат дека треба да се откажете од сите лични задоволства. Ако мислите дека сте се откажале од хобијата и интересите поради врската, одвојте време повторно да се поврзете со нештата што ве прават среќни. Добриот партнер ќе ве поддржи во ова.

3. Барате незначајни причини зошто не би функционирало

Иако е нормално да ѝ ставите крај на врската ако не ви се совпаѓаат вредностите и животните цели, сомневањето во врската поради мали разлики како различниот вкус за музика, може да значи дека барате изговор за да не останете заедно.

Дали постојано барате причина зошто не би требало да бидете со партнерот? Дали претходно сте ставале крај на врски за безначајни работи? Тогаш најверојатно ви е страв од обврзување.

Ако ви се познати овие знаци, можете да посетите терапевт кој ќе ви помогне да го најдете коренот на вашиот страв. Тој може да потекнува од разни нешта. Можеби ова е вашата прва сериозна врска. Можеби имате лоша перспектива на врските бидејќи сте сведочеле на многу раскинувања. Можеби не ви се допаѓа концептот за моногамија. Без разлика на причината, важно е да ја знаете. Не заборавајте дека сосема возможно е да го надминете овој страв, особено ако сте со партнер кој ве разбира и ве поддржува.

Дали знаете кои се најголемите уништувачи на врските според науката?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар