Дали вдишувањето хелиум од балон е забавно или смртоносно?

Дали вдишувањето хелиум од балон е забавно или смртоносно?

Голем број деца, а и возрасни сакаат да се забавуваат вдишувајќи хелиум од балон на родендени, забави или на прошетка низ парк, во комбинација со розова шеќерна волна. Ова е во принцип многу забавен и евтин начин на забава, бидејќи со само еден балон, цело друштво може да вдише од хелиумот неколку пати и секој да каже по некој збор, звучејќи како Пајо Паторот. Но, пред да се решите на ваков вид забава, задолжително информирајте се дали е тоа паметен избор.

Дали вдишувањето хелиум од балон е забавно или смртоносно?

Вдишувањето хелиум може да ве убие, но не поради самиот хелиум, туку поради недостатокот на кислород во вашиот организам. На овој начин, лицето коешто вдишува хелиум од балон или од боца, се задушува себеси до извесен степен. Тоа вдишува „воздух“, но бидејќи во него нема кислород, телото станува гладно за него и не може да функционира добро. Доколку лицето вдишува хелиум доволно долго, може да се онесвести и доколку не успее да вдише доволно кислород, дури и да умре за неколку минути.

Хелиумот може многу брзо да го замени кислородот во вашето тело. Ефектот е сличен како задржувањето на дишењето под вода сѐ додека не се задушите, со таа разлика што болката не е толку интензива, бидејќи хелиумот е веќе навлезен во белите дробови.

И покрај тоа што досега се регистрирани само неколку смртни случаи од преголемо количество вдишан хелиум, сепак треба да се знае дека е многу опасно, бидејќи ако додека се шегувате со пискавиот глас, истовремено не вдишите и доволно количество кислород, ќе се задушите. Во 2010 година едно ирско семејство се зави во тага, откако нивната 13-годишна ќеркичка, вдишала балон полн со хелиум, купен за нејзиниот роденден и веднаш умрела.

Освен задушување, онесвестување и смрт, хелиумот може да предизвика и вртоглавици и главоболки кај лицето коешто го вдишува и во такви случаи е препорачливо длабоко да вдише воздух, за да го врати потребното количество кислород во телото. Доколку симптомите останат, лицето треба итно да се однесе во болница на медицинска помош.

Останува уште прашањето, зошто гласот ни станува толку висок кога вдишуваме балон полн со хелиум? Тоа е така зошто хелиумот е 6 пати полесен од воздухот и звукот патува побрзо низ хелиумот отколку низ воздухот. Ниските тонови на гласот, остануваат потиснати поради помалата густина на хелиумот и се слушаат само високите. Од друга страна, сулфур хексафлуоридот има спротивен ефект. Бидејќи е потежок од воздухот, со негово инхалирање се потиснуваат високите тонови и се слушаат само многу ниските тонови.

Заклучок: избегнувајте да вдишувате каков било гас кој го нема во воздухот околу вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар