Дали вашата душа е уморна?
Сите имаме моменти во животот кога се чувствуваме несигурно и тажно и имаме голем недостиг на желба и инспирација. Исто така, понекогаш ни е потребен одмор од сè, и физички и ментален. Но, ако чувството не престанува, тогаш можеби самата душа праќа сигнал дека е уморна.
Во вакви ситуации нема да помогне долгото спиење и избегнувањето на физичките активности во одреден период. Секојдневно ќе се будите со чувство дека воопшто немате енергија. Тоа е знак дека животот кој го живеете не е во согласност со вашата цел.
Луѓето обично го препознаваат душевниот умор според симптомите, но се верува дека постои и поврзаност меѓу него и електрицитетот кој се создава по триење на дланките околу 30 секунди. Кога ќе почувствувате дека се создава топлина и енергија, почнете да ги одделувате дланките. Доколку не постои енергија која ја чувствувате при одделувањето или пак исчезнува во моментот кога дланките се оддалечуваат една од друга, тоа е јасен знак дека вашата сила веќе е истрошена.
Душата може да стане уморна поради следниве причини:
- Не сте искрени кон себе
- Велите „да“ дури и кога мислите на „не“
- Правите нешто што не е во согласност со вашата цел
- Учествувате во озборувања и кавги
- Се дружите со негативни луѓе
- Зборувате лошо за себе
- Заглавени сте во минатото
- Опкружени сте со хаос
- Имате чувство на помала вредност
- Не се сакате доволно
Сите овие причини се рефлектираат на душата и предизвикуваат оддалечување од вистинските животни цели.
Вашата душа знае кога е време за промени
Кога душата е уморна, се појавуваат симптоми како што се депресија, недостаток на мотивација, губење на интуицијата и опсесивно однесување. Тоа е прв знак дека мора да се направат промени, но пред сè, потребно е да се открие вистинскиот извор на проблемите.
Затоа е потребно да најдете начин кој ви одговара и за кој верувате дека ќе ви помогне да го вратите балансот на вашиот дух. Медитирајте, направете нешто што ве прави среќни, размислувајте позитивно, практикувајте љубов кон себе, но можете и да ја прочистите аурата и да ја обновите енергијата со помош на кристалотерапија.
Уморната душа може значајно да го намали квалитетот на животот, но добрата вест е што кога ќе се посветиме на нејзиното закрепнување, таа многу брзо ќе се регенерира и ќе ни се врати помоќна од претходно.
Погледнете ги и овие 7 знаци дека вашата душа е уморна и сака да комуницира со вас…
Одлично,многу точно 😊