Дали треба вашето хоби да го претворите во кариера?

Дали треба вашето хоби да го претворите во кариера?

Голем дел од нас имаат некое креативно хоби и сигурно многумина размислувале да почнат кариера со него. Но, постојат неколку работи кои мора да ги земете предвид. Постои огромна разлика во цртањето бидејќи сакате да цртате и во професионалното цртање бидејќи тогаш вашиот живот зависи од тоа. Иако е подвиг кој треба да го сфатите сериозно, сепак има начин. Погледнете кои прашања треба да си ги поставите пред да ја донесете одлуката.

dali-vahseto-hobi-da-go-pretvorete-vo-kariera-kafepauza.mk

Дали сте подготвени да бидете дисциплинирани?

За некои луѓе е тешко обичниот ден да го претворат во работен кога не ги надгледува никој. Убаво е да бидете сам свој шеф, но тоа не значи дека наеднаш ќе ја изгубите желбата за гледање серии и релаксирање. Многу е лесно да се наградите поради некоја ситница која сте ја сработиле, а таа награда да ве чини цел работен ден. Важно е да научите да имате распоред и да бидете постојани. Во спротивно можно е да ги изгубите клиентите поради вашата несериозност.

Дали сте информирани?

Многу луѓе ги промовираат своите производи на Интернет, но секој од нив ќе ви каже дека не е доволно само да ја прикачите сликата и да се наполните со пари. Маркетингот е неопходен. Овие луѓе понекогаш прават рекламни кампањи кои им одземаат многу време.

Дали сте подготвени да престанете да уживате во креациите на другите?

За да станете експерт во некое поле важно е да научите што е добро, а што е лошо. Ќе ви стане потешко да уживате во некоја туѓа работа кога ќе ги препознавате сите недостатоци. На пример, ако сте завршиле факултет за уметност, сигурно ќе ви биде многу тешко да пронајдете слика која навистина ќе ви се допадне. Или пак, ако добро ја разбирате литературата, една мала печатна грешка може да ви ја расипе целата книга.

Дали сте подготвени да престанете да уживате во вашите креации?

Ова е можеби најголемата разлика помеѓу хобито и правењето кариера од него. Ќе немате време за уметничка блокада или пак, да бидете перфекционист. Многу често ќе се чувствувате дека правите само една иста работа, но тоа е така бидејќи таа работа ви ја бараат. Понекогаш нема да ви биде забавно да работите, но кога ќе завршите задоволството ќе биде големо.

Заклучок: Не почнувајте „на слепо“

Понекогаш хобито случајно се претвора во кариера, а понекогаш е обратно. Секогаш е во ред да одберете што ќе работите. На крај, многу е полесно да се движите напред кога знаете што сакате и кога можете да го испланирате.

Погледнете и како да го пронајдете идеалното хоби за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар