Дали треба да останете пријатели со бившиот во 2020 година?

Дали треба да останете пријатели со бившиот во 2020 година?

Да, некогаш посакавте да го спасите барем пријателството со бившиот и така направивте непромислен чекор фрлајќи го „јажето“ за да стигнете од другата страна, сè додека тоа не се претвори во „псевдо мост“ кој залудно поврзува два оддалечени острови. Поради озборувањата започнувате да заборавате на сите убави моменти поминати заедно. Не сте сигурни дали само поради несреќниот сплет на околности да дозволите сè да заврши.

Дали треба да останете пријатели со бившиот во 2020 година?

Можеби посакувате барем пријателството помеѓу вас да се врати, но сте свесни и дека поврзаноста нема да биде толку силна како некогаш. Со оглед на минатите настани, мора да го прифатите фактот дека можеби нема да се спријателите со оној/онаа кој/а ужасно ве разочара со тоа што ве напушти кога најмногу ви требаше. Престанете да се надевате дека сè уште може да се дружите како порано. Може да комуницирате, но сигурно нема секојдневно да разменувате пораки и да се шегувате. Обидете се да се спријателите, но не дозволувајте повторно да бидете искористени. Тоа не е фер кон луѓето кои беа тука за вас, кога ви требаа. Иако овој „пријател“ не е како другите и ви значи многу повеќе. Но, запомнете, вистинските пријатели не се повредуваат меѓусебно.

Затоа, не го продолжувајте она кое штотуку го започнавте, пред да биде предоцна. Не се потценувајте и не се предомислувајте, не му испраќајте порака на оној кој не мрднал со прст за да ви возврати. Слушајте ги пријателите кои беа со вас кога бившиот ви го загорчи животот. Тие сочувствуваа со вас кога бевте повредени, а ќе бидат тука за вас и кога повторно ќе се најдете во слична ситуација. Тие појасно ја согледуваат ситуацијата од вас во овој момент. Доволно е само да сфатите дека сте му простиле, не толку заради него, колку заради себеси. Ослободете се од товарот од минатата година и започнете ја 2020 со чиста мисла.

Влезете во Новата година без лузните од минатото. Научете ја лекцијата, заблагодарете ѝ се на личноста која тоа ви го овозможила, а другото оставете го зад себе. Повторно бидете тоа што сте, а оној што ја знае вашата вистинска вредност нема никогаш да ве повреди.

Можеби сакате да дознаете и дали навистина е добро да му напишете порака на бившиот партнер?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар