Дали сте знаеле дека досадата има добри и лоши страни? Дознајте кои се тие!

Дали сте знаеле дека досадата има добри и лоши страни? Дознајте кои се тие!

Кога деновите ќе ни се претворат во непрекината и еднолична низа, стануваме жртви на досадата. Иако никој не сака да прави здодевни работи, досадата има и свои добри страни. Таа може да биде добра за линијата, ја намалува анксиозноста и го подобрува помнењето. Психолозите уште одамна потврдиле дека „зјапањето во празно“ ја поттикнува креативноста, бидејќи во таквите ситуации мислите слободно талкаат, па постојат поголеми шанси дека ќе ви дојде некоја генијална идеја.

Дали сте знаеле дека досадата има добри и лоши страни? Дознајте кои се тие!

Критериумите за досада варираат од човек до човек, но забележано е дека таа почесто им се случува на мажите отколку на жените, како и на луѓето кои генерално трагаат по возбуда во животот. Но, влијанието на досадата не завршува со зголемувањето на креативноста! Во продолжение дознајте кои се добрите и лошите страни на досадата.

ДОБРИ СТРАНИ

Ја одржува линијата

Ако јадете ист вид храна неколку пати неделно, вкусот ќе ви биде толку познат што нема да имате желба да претерате со количината. Нутриционистите се сложуваат дека едноличната исхрана води кон намалување на бројот на калории што се внесуваат. Сепак, не треба да претерате. Ако вашата исхрана ја ограничите на мал број производи, набрзо ќе почувствувате дека ви недостасува некоја важна хранлива материја.

Ја намалува анксиозноста

Повременото досадување и не е толку лошо, особено ако сте под стрес. На сите ни е потребно време да се одмориме од информациите што нѐ бомбардираат од сите страни. Кога ни е досадно, имаме време да размислуваме за себе, своите желби и цели, а тоа прави да се чувствуваме поопуштено.

Го подобрува помнењето

Психолозите од Универзитетот во Плимут спровеле мал експеримент во кој испитаниците требало да слушаат смртно здодевна порака со времетраење од 2 и пол минути. Резултатите покажале дека пораката многу поточно можеле да ја повторат оние учесници кои цело време кажувале дека им е здодевно, за разлика од оние кои се обидувале да седат внимателно и да ја слушаат пораката.

Дали сте знаеле дека досадата има добри и лоши страни? Дознајте кои се тие!

ЛОШИ СТРАНИ

Може да поттикне депресија

Едно американско истражување докажало дека досадата е поврзана со лошото расположение. Психолозите од Харвард ја следеле менталната состојба на повеќе од 2.000 луѓе со помош на Ајфон апликацијата Track Your Happiness. Резултатите од истражувањето покажале дека луѓето кои можат да останат концентрирани на одредена задача се многу посреќни од оние кои лесно ѝ се препуштаат на досадата.

„Епизодата ’талкање на мислите’ која е знак за досадување му претходи на лошото расположение, но обратното не се случува, што значи дека досадата може да ја поттикне депресијата кај луѓето кои се склони на неа“, заклучиле научниците.

Опасна е за срцето

Луѓето кои постојано се жалат дека им е досадно се изложени на два пати поголем ризик од инфаркт или мозочен удар за разлика од оние кои се задоволни од својот живот. Во истражувањето спроведено од страна на научниците од отсекот за епидемиологија и јавно здравје на универзитетскиот колеџ во Лондон учествувале 7.000 испитаници постари од 25 години. Резултатите покажале дека кај оние кои почесто се жалеле од досадата, имало 40% поголем ризик од кардиоваскуларни болести.

Научниците претпоставуваат дека тоа се случува зашто луѓето кои се досадуваат се препуштат на нездрави навики, полесно посегнуваат кон цигари, нездрава храна или алкохол. Со текот на времето ова доведува до зголемување на телесната тежина и зголемување на ризикот од кардиоваскуларни болести.

Од сето ова може да се заклучи дека не треба да се плашите од досадата. Нормално е понекогаш да ви биде здодевно, па дури и корисно. Но, сепак, доколку забележите дека подолго време сте во таква состојба, треба да преземете нешто и да ја вратите возбудата во животот, бидејќи последиците може да бидат сериозни и штетни по вашето здравје.

Доколку сте загрижени дека самите сте си виновни за вашата досада, прочитајте кои особини ве прават здодевна личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар