Дали сте подготвени да го прифатите новиот тренд за шминкање на веѓите во металик бои? - Part 2

Дали сте подготвени да го прифатите новиот тренд за шминкање на веѓите во металик бои?

5. Целата шминка само на веѓите

Апсолутно ги прифаќате новите идеи за шминкање на веѓите и одвај чекате да го покажете тоа? Немојте да чекате и фрлете се на работа. Привлечете го вниманието со тоа што целосно ќе ги обоите, но нека тие бидат единствениот впечатлив детаљ на вашето лице. Со останатите делови бидете дискретни за да избегнете натрупан изглед.

5-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

6. Целосно металик

Нека не се гледа природната боја на вашите веѓи, а сребрената боја е сето она што ви треба. Ова е идеална прилика за да истакнете колку ја сакате ова боја, па затоа немој да ја пропуштите.

6-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

7. Вклопете ја бојата на веѓите со бојата на коса

Ако веќе ги боите веѓите, зошто да застанете тука? Обојте и некој прамен од вашата коса! На крај, барем на кратко можете да избегате од вашиот пигмент менувајќи го во некоја занимлива нијанса и да создадете тотално поразлично доживување. Бидете едноставни со вашата металик мејкап комбинација.

8-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

8. Додајте стикери за целосен металик ефект

Направете вашите очи да сјаат во секоја можна смисла. Освен ефектот на веѓите и капаците, украсете го целиот предел со внимателно избрани налепници или циркони. Водете сметка да не претерате со нив, па затоа само неколку ќе ви бидат доволни за да оставите неверојатен впечаток.

7-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

9. Капаци и веѓи во иста боја

Неограничениот избор на бои за очи кои инаку ги користите употребете ги и на вашите веѓи. Бидете поразлични со розови или виолетови веѓи, секако, кои во себе содржат металик сјај. Покажете ја вашата креативност како што вие самите ја замислувате, без никакви ограничувања.

9-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

Доколку сте го пропуштиле претходниот тренд кој е поврзан со веѓите, тогаш потсетете се на необичните, пердувести веѓи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар