Дали сте ја испробале најсилната, најбрзата и најефикасната техника за справување со емоционалните трауми?
Траумата не е секогаш поврзана со очигледна трагедија (како војна, сообраќајна несреќа, сексуална злоупотреба или загуба на некој близок).
На Интернет, читаме дека во психологијата, траумата е ментално нарушување што се јавува како резултат на сериозен, вознемирувачки настан и дека таа нè спречува да живееме исполнет и среќен живот. Станува збор за искуство што е крајно стресно и непријатно за нас бидејќи чувствувавме како да ја губиме контролата врз нашиот живот.
Сеќавањето и чувството поврзано со тоа искуство останува во нас дури и откако трауматичниот циклус ќе заврши, бидејќи стресот што таа го предизвикува останува во телото. Траумата е настан што ни предизвика толку многу болка, па едноставно не можеме да заборавиме на неа.
Секој од нас доживува траума на поинаков начин. Она што е трауматично за едно лице не мора да значи дека е трауматично и за друго. Начинот на кој реагираме на траумата зависи од нашиот биолошки систем и физичкиот, менталниот и емоционалниот праг на толеранција.
Самото наше раѓање, одвикнувањето од доење, пристигнувањето на нов член во семејството и другите слични нешта – се примери за трауматски настани од нашето детство.
Во раните години, се обидуваме да се ослободиме од траумата преку плачење. И тоа е всушност најдобриот начин да се стави крај на ваквото однесување. Но, бидејќи како деца сме биле казнувани или сме се срамеле да плачеме, нашето тело многу брзо ја прима пораката дека не е добро да се чувствуваме така. Затоа се воздржуваме и сметаме дека не е безбедно на тој начин да одговориме на траумата што ја доживуваме во моментот.
Па што правиме?
За да се заштитиме себеси ја потиснуваме траумата и решаваме да заборавиме на она што ни се случило. И бидејќи тоа трауматско искуство останува зачувано во нас, започнува да функционира како магнет дури и во нашите зрели години.
Нашата нерешена траума станува главна точка на привлекување во нашите животи.
И покрај практикувањето на духовноста, позитивните вежби за концентрација ние „некако“ секогаш привлекуваме само слични негативни искуства. Едноставно доживуваме повторен циклус на трауми што останале во нас од детството.
Најчестите симптоми за доживување траума се:
- Хронична болка
- Зависност
- Депресија
- Ниска самодоверба
- Анксиозност
- Стрес
- Ретроспективи – болни спомени од минатото
- Кошмари
- Несоница
- Ментална болест
- Нарушувања во исхраната
- Дебелеење
- Промени во расположението
- Неисполнет живот полн со тага, болка, лутина, омраза, страв, тага, осаменост, празнина, немоќ, омраза кон себе, недостојност, вина и срам.
Продолжете да читате на наредната страница…