Дали сте имале спонтан абортус без да знаете?
Медицинските професионалци сè уште ја истражуваат причината за спонтаниот абортус. Самиот факт дека секоја жена има различно искуство со него само додава на неговата мистерија. Но дали сте знаеле дека тој може да се случи и без да бидете свесни за него? Погледнете ги следниве знаци што може да укажуваат на тоа дека сте минале низ спонтан абортус.
Свесни за бременоста? Не. Свесни за спонтаниот абортус? Не!
Медицинските професионалци сметаат дека 15% до 25% од бременостите за кои жените се свесни, завршуваат со спонтан абортус. Кога ќе ги вклучиме и бременостите за кои жените не знаат, половина од нив завршуваат со спонтан абортус.
Со други зборови, можно е да останете бремени, да имате компликации, и да го изгубите плодот, без воопшто да знаете за тоа. Во најголем број случаи станува збор за хемиски спонтан абортус, или бременост која е неуспешна брзо по имплантацијата.
Сигурно се прашувате како е можно некој да има спонтан абортус без да знае за тоа. Кога бременоста е во почетната фаза, симптомите на спонтаниот абортус се речиси незабележителни. Загубата најчесто резултира со крвавење и грчеви кои се слични со симптомите на менструалниот циклус. Крвавењето од хемискиот спонтан абортус обично се случува во деновите кога го очекувате вашиот менструален циклус.
Кога една жена знае дека е бремена, но не знае дека нејзиното тело го губи плодот, нејзиното искуство е познато како испуштен спонтан абортус. Познат и како тивок спонтан абортус, во овој случај телото не го препознава прекинувањето на бременоста, ниту пак го отстранува ткивото настанато од неа. Како резултат на ова, плацентата може да продолжи да испушта хормони, па жената продолжува да има симптоми на бременост.
Многу често овие жени не ги откриваат лошите вести сè додека лекарот не забележи дека плодот нема пулс. Овие спонтани абортуси не се случуваат често, а експертите предвидуваат дека само 1% од бременостите завршуваат на овој начин.
Многу од овие спонтани абортуси се предизвикани од проблеми со хромозомите на фетусот, но добро е што повеќето проблеми со хромозомите не се наследни. Тие се случуваат случајно и ретко се повторуваат кај истиот пар.
Понекогаш бременоста е во доволно одмината фаза така што симптомите на спонтаниот абортус се забележливи, дури и ако жената не знаела дека е бремена. Овие симптоми вклучуваат:
- Крвавење што се засилува
- Силни грчеви
- Болка во абдоменот
- Треска
- Слабост
- Болка во грбот
Да откриете дека сте биле бремени поради симптомите на спонтаниот абортус може да биде навистина лошо искуство. Многу жени се збунети од очајот кој го чувствуваат после ова. Важно е за жената, и за нејзините блиски, да ги препознаат овие чувства кои се сосем нормални, и да ѝ помогнат да ја преболи загубата.
Погледнете и кои се најраните симптоми на бременост.