Дали сте близу до изневерување? 16 знаци дека флертувате со опасност
Под изневерување не се подразбира само физичкото неверство. Не мора да го изневерите партнерот на интимен начин, но тоа не значи дека вашето однесување е верно. Постојат многу начини кои се сметаат за еден вид изневерување, а тоа се следниве.
1. Имате пораки кои ги сокривате од вашето момче. Не, не станува збор за пораките кои ги разменувате со вашата најдобра другарка, туку за „невиниот флерт“ со некое момче кој изгледа и не е толку невин. Во спротивно, не би ги криеле пораките од вашето момче.
2. Не ја спомнувате врската кога некое друго момче ќе започне да ви се додворува. Подобро сите да знаат дека сте сингл, иако не сте. Се надевате на ново внимание од страна на некое згодно момче кое ќе започне да ви се додворува, зарем не?
3. Вашето момче започнува да се сомнева. Вие чувствувате дека тој треба да ви верува, но тој навистина не го прави тоа.
4. Благо се заљубувате во случајни луѓе. Поради некоја причина, вам ви е досадно и ви се чини дека сè друго е поинтересно од вашиот живот.
5. Случајно поминувате цела ноќ кај вашиот пријател. Неговата куќа е блиску до дискотеката, а вие сте најдобри пријатели. Освен тоа, вие знаете дека тој потајно е заљубен во вас.
6. Други луѓе се појавуваат во вашите сексуални фантазии. Не зборуваме за некојa позната личност, туку за момчето со кое потајно сакате да започнете да излегувате.
7. Чувствувате дека на вашата врска пополека ѝ се ближи крајот. Вие во овој момент не сте комплетно посветени на вашата врска, дури и не зборувате со вашето момче за тоа.
8. Чувствувате дека ако вашето момче не може да биде покрај вас кога треба, некој друг ќе може. Некои истражувања покажаа дека кај жените кои се несреќни во врската, шансите да ги изневерат своите момчиња за нивните родендени се три пати поголеми. Но, само доколку тој има премногу обврски и не може да дојде на вашата забава, тоа не значи дека треба да го изневерите.
9. Прифаќате да излезете на кафе со вашиот колега од работа. Да, тој е вашиот колега од работа и нема да започнете да излегувате со него дури и да бидете сингл. Или би?
10. Непознати луѓе се обидуваат да ве бакнат во дискотека. Од каде му е таа ужасна идеја да го направи тоа после вашето тричасовно флертување со него? Стварно не ви е јасно.
11. Вие мислите дека тој ве изневерува. И вие мислите дека е правилно да го направите истото. Изневерувањето поради одмазда и понатаму се смета за изневерување.
12. Се поврзавте со друго момче на емоционално поле. Вашето момче не беше со вас во вашите тешки периоди, па вие пронајдовте некој друг кој можеше да биде.
13. Вашите пријатели ве прашуваат дали го имате изневерено вашето момче. Тие нема да ве прашуваат за тоа, освен ако вие не им дадете некаква претпоставка.
14. Вие живеете за возбуда. И понекогаш возбудата за вас претставува флертување со туѓо момче.
15. Мислите дека флертувањето е игра. Навистина не мислите дека вие треба да ги сносите последиците?
16. Се допишувате со вашите бивши. Сосема го заборавате фактот дека вие ги имате преболено, само не сакате да го изгубите контактот со луѓето кои ќе бидат тука ако понекогаш посакате секс.