Дали спаѓате во паровите кои постојано се караат за празниците?

Дали спаѓате во паровите кои постојано се караат за празниците?

Кога станува збор за семејно прославување на некој празник, секој од нас си замислува луѓе кои си се најблиски како уживаат во разговор, шегување, во храна подготвена со љубов… Меѓутоа според статистиката, многу парови се караат за време на празниците, а еве ги и причините за тоа.

Семејство

Баш семејството може да биде една од главните причини за карање. Вашето семејство сака со нив да ги поминете празниците, а сигурно и семејството на партнерот го посакува истото. За да не дојде до конфликт, пробајте да се договорите на пример Велигден да го поминете кај едните, а Божиќ кај другите. Или пак, одвојте по неколку часа на двете места, доколку живеат во близина. Решение секогаш постои, она што е најважно е да најдете компромис.

Финансии

Реално, празниците се скапи. Сепак треба да се издвојат пари за подароци, а и самиот празничен ручек не е баш ефтин, и на крај испаѓа дека празниците се луксуз. Во такви ситуации понекогаш е тешко да се размислува рационално, а тоа може да предизвика несогласување кај паровите. Ако во тој период немате доволно пари, бидете скромни бидејќи друго решение нема.

Заедничко време

Празниците ни носат многу заедничко време со семејството кое може да донесе проблеми доколку не сте внимателни. Многу од паровите се опуштаат кога ќе завршат празниците бидејќи можат да се вратат во својот мирен дом. За да не дојде до конфликт, имајте на ум дека вие и вашиот партнер припаѓате на истиот тим. Времето поминато со вашето или со неговото семејство е само привремено, па потрудете се да бидете стрпливи и смирени.

Стрес од патување

За време на празниците често се патува, а подолгите патувања можат да бидат причина за многу стрес. Затоа на патот кон дома вооружете се со трпение.

Роднини со непријатни прашања

Најчесто, тоа се прашања за брак, деца, заеднички живот, работа, вишок килограми и слично. Пробајте да ги толерирате таквите коментари и на нив одговарајте смирено. Иако тие работи треба да ве интересираат само вас и вашиот партнер, празниците сепак не се време за расправање.

Барања на најмладите

Децата за време на празниците имаат секакви желби и потреби. Ако тие не се исполнети, децата знаат да станат мрзеливи. Сосема е јасно дека однесувањето на вашите деца ќе влијае на вас и на вашиот партнер. Пробајте ситуацијата да ја решите смирено објаснувајќи им на децата дека не можат да добијат сè што ќе посакаат.

Можеби ќе ве интересира и која е најголемата причина поради која раскинуваат паровите пред празниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар