Дали синглтаскингот ќе ви помогне да бидете попродуктивни и поуспешни од мултитаскингот?
Мултитаскингот е дефинитивно „болест“ на 21-от век, иако самиот поим е дефиниран како вештина за извршување повеќе работи одеднаш. Изгледа сите ние грешиме кога се трупаме со обврски и константно го делиме вниманието на неколку задачи одеднаш. Но, зарем тоа не го прават сите денес?
Да, тоа го прават сите, но нештата полека се менуваат! Во светот почна да се шири еден паметен и корисен тренд по име синглтаскинг (фокусирање на само една задача во даден момент) и ние искрено веруваме дека тоа е нешто што на сите нам ни е очајно потребно.
Можноста да се концентрирате на само една задача, на само една обврска, без да гледате што било друго од страна што може да ве попречува, да ви го нарушува вашето внимание и да ве оддалечува од крајниот резултат, ќе доведе до повеќе успешно завршени задачи. Работејќи едно по едно, чекор по чекор и вие ќе направите сè како што треба, без грешка.
Секако, овде веднаш се поставува и прашањето дали синглтаскингот е подеднакво „продуктивен“ како и мултитаскингот? Добрата вест е што одговорот е позитивен, и навистина е лесно да го откриете тоа и самите.
Наместо да извршувате повеќе работи истовремено и да грешите додека се обидувате да жонглирате со сите тие обврски, со прилично слаби крајни резултати (сте завршиле сè, брзо, но со безброј грешки), едноставно ќе ги завршувате обврските една по една, но за отприлика исто време и со скоро ниту една грешка, бидејќи сте имале време да се посветите на тоа што сте го работеле со 100% внимание.
Затоа, синглтаскингот е новиот мултитаскинг и навистина носи подобри резултати кога станува збор за која било работа, во секоја смисла. Да, ќе ви биде тешко додека се навикнете и можеби во почетокот ќе ве гризе совеста мислејќи дека не работите доволно, но кога еднаш ќе го усвоите ваквиот начин на размислување и работење, ќе се запрашувате каде бил вашиот памет порано?
Време е да ја дознете вистината за мултитаскингот.