Дали сексот навистина може да се смета за физичка активност?

Дали сексот навистина може да се смета за физичка активност?

Сигурно досега барем еднаш сте се шегувале дека сексуалниот однос е замена за вежбање и дека оние што имаат редовен секс не мора да вежбаат за да се одржуваат во добра форма. Сите го помислиле ова. Но дали тоа е навистина така?

Дали сексот навистина може да се смета за физичка активност?

Истражувањата веќе покажале дека жените што редовно вежбаат имаат поактивни сексуални животи, полесно доживуваат оргазам и многу побрзо се возбудуваат од оние што не вежбаат. Но, дали сексот може да замени еден термин во теретана?

Д-р Антони Болдузи, основачот на проектот „Фит татко“, објаснува дали е во ред да прескокнете вежбање во име на сексот. Тој вели:

„Со сексот се согоруваат околу 4 калории за 1 минута, во зависност од тоа колку ‘авантуристички’ ви се позите. За споредба, брзото одење согорува околу 5 калории за 1 минута. Па, ако поминете 30 минути на лента за трчање, би согориле околу 150 калории. Од друга страна, со 30 минути меѓу чаршафите, би согореле отприлика ист број калории. Тоа го прави сексот легитимна лесна вежба за телото.“

Во зависност од тоа колку активен сексуален живот водите, вашето срцебиење може да се искачи до над 100 отчукувања во минута за време на еден однос. Според американската здравствена асоцијација, 100 отчукувања во минута е одлична цел за општото здравје на срцето. Но тоа не значи дека треба веднаш да го откажете членството во теретана.

Иако хоризонталните вежби со љубовникот се здрави за вас, д-р Балдузи вели дека сексот ретко го зголемува вашето срцебиење доволно за да може да се каже дека ќе замени еден термин класично вежбање. Иако е здрав, сепак е добра идеја да правите и некои кардио вежби надвор од спалната соба.

Прочитајте ги и овие 13 силни причини зошто треба секојдневно да имате секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар