Дали се додворувате на геј или стрејт личност? Еве како да бидете сигурни

Дали се додворувате на геј или стрејт личност? Еве како да бидете сигурни

Очите се огледало на душата, а тоа важи и кога е во прашање сексуалната ориентација. Тие и телото со своите неконтролирани реакции секогаш ја покажуваат вистината. Во овие модерни времиња не е секогаш едноставно да заклучиме дали личноста која ни се допаѓа е геј или стрејт.

0-dali-se-dodvoruvate-na-gej-ili-strejt-lichnost-eve-kako-da-bidete-sigurni-kafepauza.mk

Според психолозите, доволно е само еден поглед во неговите/нејзините очи во точниот момент за да ја откриете нивната сексуална ориентација. Зениците се шират при возбуда – тестирано преку покажување еротски фотографии, а се еден од оние делови на телото што не можеме свесно да ги контролираме.

Во покерот, изразот „poker face“ означува ладно лице, без емоции. Но, она што е интересно е што дури и најдобрите играчи ги кријат очите затоа што знаат дека без разлика на „ледената фасада“ дека тие можат многу брзо и лесно да ги издадат.

Значи сѐ што е потребно за да прочитате некој е да се фокусирате на неговите зеници додека ве гледа или да следите дали тие се шират или мируваат при разговор.

Кога нашата свест е заинтригирана, зениците природно се шират и тоа е нормална последица на будењето на автономниот нервен систем кој е задолжен за контрола на несвесните работи како дишењето. На пример, ако момчето со кое разговара некоја девојка, ги рашири зениците гледајќи во нејзиното богато деколте, можете да бидете сигурни дека тој е хетеро. Од друга страна пак, ако тоа му се случи при поглед на згодно тело на спасител на плажа, тогаш тој е хомосексуалец.

Психолозите кажуваат дека препознавањето на припадниците на иста сексуална ориентација на овој начин е безгрешно и дека токму во тоа лежи тајната на вечната мистерија – како хомосексуалците ги „намирисуваат“ геј луѓето и знаат на кого опуштено можат да му се додворуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар