Дали се чувствувате повеќе уморни за време на викендите отколку за време на работната недела? Еве зошто се случува тоа

Дали се чувствувате повеќе уморни за време на викендите отколку за време на работната недела? Еве зошто се случува тоа

За време на викендите треба да се чувствувате одморени и полни со енергија, но многу пати се случува тогаш да бидете уште поуморни и уште поисцрпени затоа што тогаш всушност не правите ништо, односно го исклучувате мозокот и едноставно сте опуштени. За многумина, ова може да биде како шок и во никој случај не им е јасно зошто се случува тоа.

Дали се чувствувате повеќе уморни за време на викендите отколку за време на работната недела? Еве зошто се случува тоа

Д-р Фолуша Олувајана објаснува дека тоа не е ништо невообичаено и дека постојат причини зошто на телото му треба дополнително засилување во деновите кога не одите во теретана или кога не вежбате.

Иако вежбањето понекогаш е заморно, ќе ве натера да се чувствувате подобро – и физички и психички. Ова се случува поради хормоналните промени што ги предизвикува вежбањето, а ослободувањето на ендорфин, серотонин, допамин и окситоцин му дава енергија на телото. Иако ефектот понекогаш е краткотраен, ги прави луѓето исполнети и енергични, така што ова е токму она што му недостасува на вашето тело во деновите кога се одморате, односно кога не сте физички активни.

Слободните денови не значат дека вашето тело престанува да работи, всушност тогаш работи најмногу и најсилно за да ги обнови мускулите кои се активни за време на вежбањето. Исто така, нормално е да бидете гладни во деновите кога не вежбате. Ова се случува поради тоа што вежбањето го намалува апетитот, а кога не вежбате, телото бара дополнителни калории.

Исто така, интересно е да се напомене дека за викендите спиете подолго, а тие дополнителни часови сон може да ве уморат уште повеќе. Ако го нарушите часовникот на телото, ќе се чувствувате поуморно и тоа ќе има значително влијание врз остатокот од седмицата.

Како да се чувствувате подобро во слободните денови?

Додека деновите за одмор се клучни за да се одморите, сепак е важно да се држите до вашата рутина, како и во останатите денови. Секоја промена резултира со екстремни промени во однесувањето што можат да направат да се чувствувате поуморно во тие денови. Поради тоа, секоја активност е повеќе од добредојдена бидејќи ќе спречи ненадеен пад на енергијата. Исто така, квалитетната исхрана е клучна, како и вообичаениот ритам на спиење.

Прочитајте што претставува менталниот замор и како да се ослободите од него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар