Дали сакате да имате нозе како фотомодел? Со овие вежби ќе го постигнете тоа!
Доколку сакате да имате нозе како супермодел, мора да знаете дека освен редовно вежбање, мора да практикувате и добар режим на исхрана, како и здрави животни навики. Меѓутоа, вежбањето е најефикасниот начин за да ги обликувате нозете, па затоа денес ви претставуваме неколку вежби кои ќе ви помогнат да имате нозе како супермодел. Најдоброто од сè е тоа што овие вежби не мора да ги правите во теретана, туку може и дома, па затоа препуштете му се на вежбањето и уживајте во постигнатите резултати.
За да ја зацврстите внатрешната страна на бутовите, застанете во стоечка положба, едната рака поставете ја на колкот, а со другата придржувајте се на ѕид или на работ од некоја столица. Вежбата правете ја така што исправено ќе ја подигате ногата пред себе, но вашето стапало да не биде исправено, туку затегнато и завртено кон десната, односно левата страна, во зависност од тоа која нога е во прашање. Вежбата најнапред правете ја 20 секунди, на тој начин што стандардно ќе ја подигате и спуштате ногата, а потоа оставете ја уште 20 секунди во подигната положба. За да ја отежните вежбата, раката која ви беше ставена на колкот, исправете ја пред себе додека ја држите ногата во дигната положба. Вежбата повторете ја уште два пати.
За затегнување на внатрешната и надворешната страна на бутовите, најдобра вежба се секако, раширените чучнувања, кои малку ќе ги отежниме. Најнапред правете стандардни раширени чучнувања, со рацете испружени пред вас и стегнати во тупаници. Откако ќе ги правите овие стандардни чучнувања околу 30 секунди, подигнете се на прсти, подигнете ги рацете над вас и задржете се во таа положба уште 30 секунди. Целата вежба повторете ја уште три пати.
Уште една одлична вежба за затегнување на нозете е чучнувањето со собрани нозе, која ќе ги правите така што целото време ќе се потпирате на прстите. Чучнувањата најнапред правете ги 30 секунди, а потоа стапалото на едната нога потпрете го на другата нога и започнете со вртење, така што горниот дел од бутот да го одвојувате од ногата на која се потпирате. И оваа вежба правете ја 30 секунди, и повторете ја три пати, со левата и со десната нога.
Потпрете се на некоја основа, а вежбата правете ја така што ќе ја подигате ногата наназад, па нагоре. Вежбата се прави 30 секунди, за едната и за другата нога, а потоа наизменично правете ја уште 30 секунди. Водете сметка за тоа лактите да ви бидат цело време раширени, а самата вежба повторете ја уште два пати.
Уште една многу ефективна вежба подразбира затегнување на нозете во седечка положба. Потпрете се на некој ѕид и спуштете се во чучнување, а потоа во таа положба подигнувајте ја ногата пред себе, но така што аголот помеѓу свитканата нога и ногата која ја подигнувате да биде доволен за вашите бутови да се затегнуваат додека ја правите ова вежба. Нека стапалото ви биде затегнато, а повторувањата правете ги по 30 секунди во две серии.