Дали правите чај од кесички кои имаат метална спојувалка? Прочитајте зошто е тоа штетно!
Вистина е дека чаевите се многу корисни за нашето здравје, особено оние што содржат антиоксиданси, како што е зелениот чај. Но, сигурно не обрнувате внимание на тоа какво е пакувањето на чајот кога го купувате. Цел живот пиеме чаеви од кесички, но не внимаваме на еден многу важен детаљ.
Станува збор за мало парче метал од поцинкувано железо кое многу лесно може да испадне од кесичката. Има многу пријавени случаи на луѓе кои се соочиле со сериозни здравствени проблеми поради тоа што го проголтале ова мало парче метал кога испаднало во шолјата чај. Кај некои од нив настанало и крвавење во желудникот!
Во последно време, произведувачите на чај почнаа да го пакуваат во кесички без метални спојувалки на врвот. Токму таа спојувалка може многу да му наштети на вашето здравје и да ги намали придобивките што ги пружа шолјата чај.
Таа исто така може да предизвика и труење. Металната прашина може да предизвика здравствени проблеми на белите дробови, а цинковото соединение може да влијае негативно на дигестивниот систем.
Иако шансите за вакви здравствени проблеми се мали, сепак се случуваат и најдобро е да не ризикувате. Бидете внимателни и секогаш бирајте чаеви кои се спакувани во кесички зашиени со конец, а не со метална спојувалка.
Во продолжение прочитајте за 11-те здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни.