Дали постои причина за грижа? Еве што кажува тресењето на рацете за здравствената состојба

Дали постои причина за грижа? Еве што кажува тресењето на рацете за здравствената состојба

Нашето тело постојано ни праќа знаци кога ќе се појави некаков проблем. Токму затоа и не смеат да се занемарат никакви промени на телото, дури и оние што се моментални и не укажуваат на ништо посериозно. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за тресењето на рацете, белите точки, слабите нокти или сините нокти – продолжете со читање!

Тресење на рацете

Најчестата причина за тресење на рацете е премногу кофеин или премалку сон. Но, и некои лекови можат да ја предизвикаат оваа состојба, како оние за астма и против депресија. Ако забележите дека рацете премногу и пречесто ви се тресат, треба да посетите доктор затоа што тоа може да е и ран знак за Паркинсова болест.

Лесно кршливи нокти

Ако ви се чини дека ноктите ви се особени слаби и кршливи, можеби ви недостасува цинк. Според докторите, тој помага при обнова и раст на ноктите. Доколку цинкот е проблем кај вас, додајте го во исхраната.

Бели точки на ноктите

Оваа појава најчесто се поврзува со лоши навики во исхраната, поточно со недостаток на цинк, калциум и железо во крвта. Проблемот лесно се решава со додатоци во исхраната и консумирање храна која ги содржи потребните минерали и витамини.

Сини нокти

Ако ноктите ви станат сини, тоа значи дека не добивате доволно кислород. Причината може да биде болест на дишните патишта или Рајнаудов синдром, периферна артериска болест. До оваа состојба може да дојде и преку слаба циркулација, особено кога температурите се ниски. Сепак, ако ноктите постојано ви се сини, побарајте совет од доктор.

Погледнете ги и овие 10 природни начини да се справите со кршливите нокти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар