Дали погрешно ги толкувате вашите емоции?

Дали погрешно ги толкувате вашите емоции?

На површината е сосема разбирливо зошто бегаме од негативните емоции. Тие се болни. Штом нашето его забележи дека е можно да се појави болка, тоа се обидува да се скрие. Вистината е дека свесноста води до чувствување. Омиленото место за криење на егото е во емоциите и верувањата кои ги судиме како „погрешни“. Сè додека веруваме дека некои емоции се погрешни или неприфатливи, ние создаваме ѕид помеѓу свесноста и овие емоции. На овој начин ги одржуваме емоциите во живот и страдаме. Не постојат погрешни емоции, а многу често се случува и грешно да го толкуваме значењето на овие негативни чувства. Следниве 4 емоции најчесто се толкуваат погрешно.

dali-pogreshno-gi-tolkuvate-vashite-emocii-kafepauza.mk

1. Тага/очај

Егото се формира од приврзаноста кон луѓе, места, предмети, идеи и исходи кои ни се „потребни“. Колку повеќе сме приврзани за нешто, толку повеќе ни е потребно тоа нешто за да бидеме среќни. Кога ќе го изгубиме чувствуваме тага. Првата реакција на егото е дека тагата е репрезентација дека нешто не е во ред, дека животот ни подготвил уште еден пресврт и сега чувствуваме тага и очај. Ова до некаде е вистина, но кога ќе бидете посвесни ќе сфатите дека некои нешта навистина не ви се потребни за да бидете среќни. Кога ќе го изгубите нештото што сте го сакале, забележете дека всушност сте силни. Продолжувате да живеете и без тоа.

2. Посакување/чувство на недостаток

Доколку го знаете законот за привлекување, сигурно сте слушнале дека за да го имате она што го сакате, треба да се чувствувате како веќе да е ваше. Колку пати сте го виделе вашиот дом од соништата, некој кој ја работи вашата работа од соништата, или која и да е вашата желба, и сте се почувствувале како нешто да ви недостига? Ова чувство е начинот на кој универзумот ви кажува дека она што го сакате не само што доаѓа кај вас, туку на некој начин е веќе ваше. Наместо да мислите како немате нешто, прифатете го тоа посакување како потврда дека желбата ќе ви се исполни.

3. Анксиозност, грижа, стрес

Постои причина зошто многу духовни учители советуваат да медитирате или да користите некаква техника за релаксација. Причината е преактивното его, водено од страв и кое е резултат на активниот нервен систем. А ова се спречува со смиреност и присутност. Колку повеќе практикувате некоја техника за релаксација, толку е посмирен и вашиот нервен систем. Многу ретко се случува нашите стравови и причини за анксиозност да се случуваат во овој момент. Најчесто тие се во нашата глава во измислени сценарија. Колку повеќе ќе верувате дека животот ви ги дава ситуациите во сегашноста за да еволуирате, толку посмирени ќе бидете.

4. Фрустрација

Веројатно ја имате слушнато изреката според која лудост е одново и одново да пробувате едно исто нешто, а да очекувате различен резултат. Од овде потекнува оваа емоција. Ако некогаш сте биле навистина фрустрирани од животот и сте помислиле „Зошто повторно ми се случува ова?“ или нешто слично, сигурно ви е јасно дека оваа емоции прави да се чувствувате како луди. За да се ослободите од ова потребно е да направите нови избори, да промените нешто, да направите нешто што не сте го направиле досега и резултатот ќе се смени. Многу е лесно да заглавите во некоја рутина, па не е ни чудо што се чувствувате фрустрирани. Изборите не мора да бидат големи, доволно е да почнете да јадете во нов ресторан, или пак да облечете нешто за коешто сте немале храброст. Потребно е многу малку за да ја промените вашата енергија и да се ослободите од фрустрацијата.

Погледнете и што навистина се случува кога ги криете вашите емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар