Дали одредени личности од вашиот живот ве спречуваат да бидете најдобри што можете?
Многу надворешни нешта можат да влијаат на нас на подобро или пак, на полошо. Најголемо влијание имаме од оние кои се околу нас, оние со кои поминуваме најмногу време, без разлика дали станува збор за пријатели, роднини, партнер или соработници – тие несомнено имаат огромно влијание на нашите навики, расположение, однесувања и начин на размислување.Кога треба да бидеме „најдобри што можеме“ и да направиме значаен чекор напред во нашиот живот, луѓето околу нас често знаат да претставуваат еден вид бариера која не ни дозволува никаква промена. Да пробувате да се смените додека сите околу вас постојано ве потсетуваат какви сте биле е навистина невозможна мисија. Кога почнуваме да живееме посовесно и кога правиме намерни одлуки за нашиот живот, едно од многуте нешта за кои навистина стануваме свесни е тоа како и со кого го поминуваме нашето време.Доколку сакате да работите на одредена промена на себе, како и на промена на вашиот досегашен начин на живот, ќе сфатите дека некои личности во него не ја поддржуваат вашата цел. Но, тоа не значи дека треба да бидете само во друштво на луѓе кои се еднакви како вас во секој поглед, туку дека повеќе ќе се стремите кон нив. Сите имаме потреба во одреден период од животот да се чувствуваме дека припаѓаме некаде. Поради тоа вие ќе почнете природно да барате пријателски/љубовни врски со луѓе со кои ќе можете да го делите патот по кој веќе сте тргнале.Тоа секако не значи дека треба да ги прекинете сите досегашни врски во вашиот живот, но ќе треба убаво да размислите со кои ќе продолжите да го поминувате вашето време и дали тие личности ќе влијаат позитивно при постигнување на вашите цели. Можеби некои врски сами по себе ќе тргнат во спротивна насока, но за останатите најдобро е вие сами да одлучите дали треба да ги одржувате или да ги прекинете на време. Ако се обидувате да ја намалите негативноста во вашиот живот, можеби мора да направите нешто со вашиот однос со колегите кој е изграден само на професионална основа. Доколку сакате да намалите со пиењето, пушењето како и со други активности кои се негативни по вашето здравје, ќе мора целосно да го намалите контактот со оние кои ве „мотивираат“ на ваков вид постапки. Ако имате големи и амбициозни сонови кои се спротивставуваат на негативните, песимистички и ограничени мисли на оние со кои често се гледате, можеби е време за целосна промена на вашиот друштвен круг со цел да се заштитите себеси од негативното влијание.Можеби во овој момент сè ова ќе ви изгледа малку страшно, но со тек на време ќе сфатите дека така било најдобро за вас. Доколку сакате да бидете среќни, исполнети и успешни на секое поле, мора да бидете опкружени со луѓе кои секојдневно ќе прават да се чувствувате така. Луѓе кои со самото нивно присуство постојано ќе измамуваат насмевка на вашето лице и покрај кои ќе се чувствувате слободно и опуштено. Сите личности во вашиот живот треба да ве бодрат и поддржуваат да бидете најдобри што можете.На крајот, нема формула според која можете да одлучите која е вистинската одлука во дадена ситуација. Поради тоа потпрете се на вашите чувства кои ќе ви служат како водичи и ќе ве насочуваат во вистинската насока. Можеби понекогаш нема да ви се допаѓаат одговорите кои ви ги даваат, но верувајте тие најдобро знаат. Промените се застрашувачки, но понекогаш тие се навистина потребни за да можеме да живееме онака како што сме си замислиле. Надворешното влијание од луѓето околу нас знае да биде премногу силно и доколку таа сила влијае на лошо, наместо на добро – резултатите можат да тргнат во сосема спротивна насока…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Да и знам коjа е таа личност.Ги копира моите навики и за кратко време ги прикажува за свои. Ги краде моите рецепти и ги прикажува како од приjателка и. Го копира моjот начин на водене на домот и раскажува дека таа секогаш така правела. А со години го критикувала истото. Ме оговара со приjателките и соседките и шири интриги.Каj мене не доагаат моите другарки, ниту една трет пат не може да ги издржи неjзините “совети” Постоjано мора да се слушаат извештаите за состоjбата на неjзиното здравje, а недаj боже да се пожалам и jас, како крилjа да и раснат. Колни, коби и лажи.Завидува на секого, на синот и внуците дури.И така 21 год…Да не беше таа космонаут ке станев, толку сила ми има одземено.