Дали навистина е добро да му напишете порака на бившиот партнер?
Можеби сте во искушение да му напишете порака на бившиот партнер и да му кажете дека ви недостасува. Или пак едноставно сакате да му се јавите и да му дадете до знаење што сè направил. Каква и да е вашата ситуација, пред да направите што било, добро е да размислите за предностите и недостатоците од оваа постапка.
Предност: Можеби ќе имате долг разговор што ќе ви даде утеха
Можеби и двајцата сте стигнале дотаму така што можете да имате зрел и сериозен разговор за грешките што сте ги направиле во врската. Можеби ќе можете да му ги поставите прашањата што ве држеле будни навечер. Можеби ќе можете да научите некоја вистина што не ви дозволувала да продолжете понатаму. Можеби ќе можете да се збогувате за последен пат, нешто што ќе ви помогне да го преболите.
Недостаток: Можеби ќе имате жестока расправа
Доколку чувствата сè уште постојат, тогаш нема да имате разумен разговор со бившиот партнер. Можеби ќе бара изговор за неговото лошо однесување. Можеби ќе се обиде да ја префрли вината на вас. Можеби ќе лаже за да ве убеди дека тој бил жртвата. Или пак можеби воопшто нема да ви врати на пораката, што ќе ве разгневи уште толку.
Предност: Можеби ќе сфатите дека заслужувате подобро од него
Понекогаш е тешко да размислувате јасно додека сте во врска. Слепи сте пред недостатоците на партнерот бидејќи сте вљубени во него. Но, повторната комуникација со бившиот можно е да ви помогне да го видите од друга перспектива. Можеби ќе сфатите дека всушност никогаш и не ве заслужувал. Ќе сфатите дека навистина ви е подобро без него.
Недостаток: Можеби ќе ви недостасува уште повеќе
Наместо да добиете утеха од разговорот, можно е да отворите некои стари рани. Можно е дури и да се вратите назад од вашиот процес на преболување. Можно е да се сетите на сите нешта што сте ги сакале кај оваа личност, па ќе почне да ви недостасува уште повеќе. Разговорот може да ви ја продолжи болката.
Предност: Можеби ќе ѝ дадете втора шанса на врската
Доколку поминало доволно време и двајцата сте научиле од вашите грешки, можеби врската заслужува втора шанса. Можеби бившиот ќе ве изненади со неговиот развој додека сте биле разделени. Можеби ги променил неговите приоритети и овој пат знаете дека можете навистина да му верувате.
Недостаток: Можно е да се смирите и повторно да завршите со скршено срце
Доколку бившиот не се променил и останал личноста којашто ви го скршила срцето, тогаш постои опасност ова повторно да се случи. Најверојатно, минатото само ќе се повтори. Можеби ќе се соочите со истите проблеми во врската како и првиот пат, па подоцна ќе ви бие жал што воопшто сте му дозволиле да се врати во вашиот живот.
Погледнете и зошто навистина треба да го заборавите бившиот партнер.