Дали на човештвото му е потребен сериозен разговор за сексуалноста?
Малку се зборовите кои го предизвикуваат човечкиот ум како зборот секс. Нашата колективна свест е соочена со него од сите страни – започнувајќи од Интернетот и телевизијата, до сите видови реклами и пораки со кои секојдневно сме преплавени.
Многумина од нас се свесни за тоа како сексот се користи за продавање идеи и работи кои всушност не ни се ни потребни. Со зголемувањето на бројот на насловите за педофилија во Холивуд и доказ за духовната епидемија на културата за силување со кампањата #MeToo, избегнувањето да се зборува за сексуална енергија веќе не е опција за никого.
За повеќето, запознавањето со нашата сексуална енергија е навистина чудно и непријатно. Напишаното во учебниците и предавањата за заштита од бременост не можат да ја доловат комплексноста и убавината на сексуалната енергија. Всушност, биолошкиот дел е само мал дел зад нашата вистинска сексуална природа. Но, поради стигмата поврзана со сексот, многу луѓе стануваат возрасни без да ги научат разните делови од нивната биологија. Ова многу често предизвикува енергетски блокади во нивните тела поради срамот кој го чувствуваат.
Повеќето тинејџери ретко разговараат за секс со своите родители, како и за ризикот од бременост и сексуално преносливите болести. Или пак, се соочени со сексот преку културата за запознавање на забави и слични настани. За жал, многу луѓе се прв пат изложени на информации за секс преку силување, злоупотреба и малтретирање. Ова најмногу е мотивирано преку сè поголемиот број „хардкор“ порнографски филмови кои на некој начин ја дехуманизираат интимноста која доаѓа со сексот. Порнографијата станува единственото место за едукација за секс за многу млади луѓе, а покажано е дека штетата која ја нанесува е и социјална и невролошка.
Сексуалната енергија е енергија на креирање. Од сексот создаваме живот, страст и креативност. Сексуалната енергија е дел од нас во секојдневниот живот – од растенија до животни. Но нашите условувања нè спречуваат да го користиме овој моќен дар во наша корист. Навистина е тешко да разбереме како се поврзани сексуалната енергија и креативноста, кога секој обид да се истражува тоа бил притиснат од нашите религиски и културни доктрини.
Важно е да го промениме начинот на кој разговараме за сексуалната енергија. Ако не за нас, барем за наредните генерации кои заслужуваат да знаат нешто наместо да се соочени со тишина, срам и тајни. Сексот е моќен и убав феномен кој заслужува да го славиме како дел од нашето постоење. Проблемот со тишината е тоа што се зголемува бројот на мали деца кои имаат пристап до Интернет и се изложени на секс уште од најрана возраст без разлика на безбедносните мерки кои ги користите.
Од нас зависи како ќе се однесуваме со сексуалната енергија, а ова однесување треба да доаѓа од безусловна љубов и разбирање. На нас е оставено да го спречиме циклусот на сексуалната траума која е резултат на сексуалното потиснување, незнаење и губење контакт со нашето повисоко јас. Кога навистина ќе го разбереме дарот на нашата сексуална енергија како човечки суштества, ќе сфатиме дека треба да се слави, а не да се чува како тајна. Сексуалната енергија е неверојатна. Зошто ја поврзуваме со зборот „валкано“? Креативноста и сексуалноста не се валкани, тие се искажување на универзумот преку нас.
Сексуалната трансформација е начин на кој ја повикуваме нашата сексуална енергија и мисли, тие се физичко искажување од друго ниво. Сексуалноста е дел од она што сме и заслужуваме да знаеме како да ја користиме во наша корист. Младите треба да знаат дека врските се лекуваат со сексуална и креативна енергија. Сексуалната моќ не е само изборот со кој ќе имате односи и како, тоа е и да бидете свесни за можностите на вашата сексуална енергија. Ова се постигнува само ако ги отвориме срцата и умот кон оваа енергија. Таа е многу повеќе од стравот од бременост и сексуално преносливи болести.
Сексот е дел од танцот на животот
Па како да ја насочиме нашата креативност преку нашата сексуалност? Порнографијата ги намалува нашите идеи за разменување сексуална енергија. Брзиот оргазам всушност може да ја намали сексуалната енергија со текот на времето, особено кај мажите кај кои спермата е нивната енергетска животна сила (Таоистите ја нарекуваат Чи). Но убавината на сексуалната енергија е тоа што може да се користи како медитација за создавање тензија во нас. Оваа тензија може да се користи за идеја која сакате да ја создадете. Со други зборови, на другата страна на сексуалната тензија се наоѓа креативната моќ – моќта идеите да станат реалност.
Во многу песни од популарната поп музика мета се тинејџерите, а тоа не е случајно. Тинејџерите влегуваат во нова фаза од животот, а нивниот нагон за секс може да биде голем. Па кога се изложени на песни за секс, страст или барање признание преку нивниот сексуален статус, нивниот сексуален нагон се користи за профит. Ова важи и кај возрасните.
А со нашето, и лечењето на следните генерации, можеме наново да ја запишеме иднината, само ако сакаме навистина да научиме нешто за сексуалната енергија. Токму поради ова е потребно луѓето да почнат да зборуваат за сексот. Замислете си дека седите пред вас кога сте биле збунет тинејџер. Замислете како си кажувате: Добредојде во новиот дел од твојот живот каде што можеш да ја повикаш моќта на твојата сексуална енергија за да создаваш. Можеш да создадеш човечки живот, но и идеи, па дури и цела иднина. Нема ограничувања за доброто кое можеш да го направиш кога паметно ќе одбереш да ја насочиш оваа енергија преку најчистата моќ – безусловната љубов. Изборот е твој.
Погледнете и како да ја вратите духовноста во вашиот сексуален живот.