Дали можете да погодите која половина на лицето е нашминкана со евтина, а која со скапа шминка?

Дали можете да погодите која половина на лицето е нашминкана со евтина, а која со скапа шминка?

Сем Чепмен е популарна мејкап уметничка која со една единствена фотографија успеа да крене голема прашина на социјалните мрежи.

Таа споделила фотографија и побарала од нејзините следбеници да погодат каква шминка користела. Имено, едната половина од лицето на фотографијата била нашминкана со поевтини производи, додека за другата половина користела скапа шминка од познати марки. Да бидеме попрецизни, требало да се погоди која страна од лицето е нашминкана со производи кои чинеле 58 фунти, а која со производи чија вредност била 287 фунти.

Дали можете да погодите која половина на лицето е нашминкана со евтина, а која со скапа шминка?

Загатката привлекла големо внимание од јавноста бидејќи ретко кој можел да ја забележи разликата. Со овој експеримент, таа сакала да покаже дека клучот на успешното шминкање се крие во начинот на изведбата, а не во цената.

„Секогаш потенцирам дека најважно е да најдете соодветна подлога која ќе одговара на вашиот тип кожа“, изјавила Сем. „Не можете да користите мат подлога ако имате сува кожа и обратно.“

Меѓутоа, кога станува збор за поевтина козметика, мора малку повеќе да се потрудите. Освен тоа, главната разлика е во трајноста на шминката. Сем истакнува дека најголемата разлика се гледа по тоа колку долго ќе се задржи шминката на лицето без да се расипе.

Доколку се шминкате наутро и треба да ја носите истата шминка до доцна вечер и сами ќе можете да забележите колку од шминката ви останала на лицето.

Решение: Шминката на левата страна од лицето на фотографијата е поевтина, додека пак, десната е поскапа. Погодивте?

Погледнете го видеото кое го прикажува овој интересен експеримент…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар