Дали изневеруваат и мажите коишто се вљубени во нивните партнерки?
Иако многу жени кои се чувствуваат сакано покрај партнерот тврдат дека тој им е верен, психолозите сметаат дека дури и вљубените мажи можат да му подлегнат на неверството. Постојат неколку причини поради кои овие мажи ја изневеруваат нивната партнерка.
1. Незрели се
Ако мажот претходно немал искуство со сериозна и емотивна врска и ако сите односи му биле површни, тој не сфаќа дека неверството е погубно за довербата и љубовта на неговата партнерка.
2. Несреќни се
Некои мажи, без разлика колку се вљубени во нивната девојка или сопруга, едноставно не се среќни покрај неа. Бидејќи љубовта што ја чувствуваат кон неа и стравот не им дозволуваат да ѝ стават крај на врската, тие бараат утеха на друго место. Ова не само што не е фер, туку многу повеќе ќе ја повреди партнерката отколку отворениот разговор, па дури и раскинувањето.
3. Го хранат нивното его
Несигурните мажи постојано очекуваат потврда од нивните партнерки. Доколку пред девојката или сопругата не се чувствуваат сакано или мажествено, го хранат нивното его надвор од врската. Тоа што ги посакуваат и други жени им ја зголемува самодовербата, но не за долго.
4. Себични се
Иако мажот ја сака својата партнерка, таа не мора да му биде приоритет. Во моментот кога ќе му се укаже можност за неверство, тој нема да размислува за потребите на партнерката. Најважно ќе му биде да го наполни неговото его, а потоа дури и ќе го премолчи настанот бидејќи најверојатно не го смета за неверство.
Неверството е сериозен проблем и може да ја разниша љубовта и да ја уништи довербата. Па ако мажот навистина ја сака неговата партнерка, најпрво ќе разговара со неа за неговото незадоволство. На овој начин тие заеднички ќе го надминат проблемот, ќе ја зајакнат нивната врска и неверството воопшто нема да биде во план.
Кој мислите дека изневерува повеќе, мажите или жените?