Дали имате синдром на компјутерски вид?

Дали имате синдром на компјутерски вид?

Живееме во дигитален свет. Луѓето во просек поминуваат по 6 часа на ден пред некаков дигитален уред.

Седењето цел ден пред компјутер може да предизвика појава на синдромот на компјутерски вид, кој вклучува: замаглување на видот, главоболки, суви очи и кратковидост.

Дали имате синдром на компјутерски вид?

Но, не мора целосно да ги исклучите дигиталните уреди околу вас за да се заштитите од овој несакан ефект. Можете да ја прилагодите вашата средина за да им ги создадете најдобрите услови на вашите очи.

  • Поставете се со телото на оддалеченост од околу 50-65 см од екранот, при што погледот треба да ви биде насочен малку надолу (центарот на екранот да ви доаѓа 10-15 см под нивото на очите).
  • Навалете го мониторот – горниот дел треба да биде малку поназад (подалеку) во однос на долниот.
  • Седете на стол кој има потпора за грбот, особено во долниот дел. Чувството на удобност додека седите на столот, влијае на намалување на нивото на стрес што им го предизвикувате на очите.
  • Прилагодете ја големината на текстот за да нема потреба да замижувате за да избистрите.
  • Прилагодете го и нивото на светлина и контрастот за да не вложувате посебен напор при гледањето.
  • На секои 20 минути, правете пауза од 20 секунди, гледајќи во нешто на оддалеченост од 6 метри.
  • Не заборавајте да трепкате. Трепкањето природно ви ги измива очите со солзи кои делуваат лековито.
  • Прилагодете ја светлината кога планирате долго да читате од монитор. Светлината што ви доаѓа одозгора треба да се намали до минимум. Природната светлина нека ви доаѓа од страна, не директно во вас или од зад вас. Благо затемнете го екранот и избегнете негово поставување така што би се создавала рефлексија од други извори на светлина.
  • Има две апликации за Ајфон кои можат да ви помогнат за видот. Eye Reader го осветлува и може да го зголеми за 5 пати она што го читате. Со Vision Test можете да ја измерите вашата визуелна перцепција, квалитетот на вашиот вид и способноста за распознавање бои.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар