Дали имате преголемо количество кортизол во вашето тело?
Кортизолот се произведува во голема количина наутро, помалку во текот на денот, многу малку навечер и минимално додека спиеме. Но, стресот има силно влијание врз него и може да го наруши овој природен циклус.
Не е случајно фактот што кортизолот се нарекува и стрес хормон. Станува збор за хормон кој меѓу другото, ја контролира и нашата способност да се носиме со стресот. Иако нивото на кортизол може лесно да се провери со тестирање на крвта, постојат симптоми според кои можете да заклучите дали го поседувате во поголеми количини во вашето тело. Овој прашалник бил составен од страна на д-р Сара Готфрид и може многу едноставно да ви помогне да го откриете нивото на кортизолот во вас…
Во последниве 6 месеци…
- Дали сте имале чувство дека непрестајно трчате од една до друга обврска?
- Дали сте се чувствувале енергично, но истовремено и уморно?
- Дали сте имале силни налети на енергија поради кои сте останувале будни до касно?
- Дали тешко успевате да заспиете или ве мачи испрекинат сон?
- Дали чувствувате анксиозност или нервоза, односно не можете да престанете да се грижите за нешта кои се надвор од вашата контрола?
- Дали лесно се препуштате на бесот или лутината и често викате?
- Дали во даден момент не можете да се сетите на одредени информации или пак, се чувствувате збунето, особено кога сте под притисок?
- Дали имате потреба за нешто слатко по секој оброк, најчесто чоколадо?
- Дали ви се зголемил обемот на струкот и сега е над 88 сантиметри?
- Дали ве мачи неплодност?
- Дали губите коскена маса (лекарите ви дијагностицирале остеогенија или остеопороза)?
- Дали ве мачи висок крвен притисок или забрзано чукање на срцето кои немаат никаква врска надворешни фактори?
- Дали ве мачи високо ниво на шеќер во крвта (лекарите ви дијагностицирале можност за развивање дијабетес или отпорност на инсулин)?
- Дали се тресете помеѓу оброците, односно имате нестабилност на шеќерот во крвта?
- Дали имате проблеми со варењето на храната, чиреви или гастритис?
- Дали сè потешко заздравувате од телесни повреди?
- Дали на стомакот или грбот имате необјасниви розови или виолетови стрии?
- Дали имате нередовен менструален циклус?
Доколку имате 5 или повеќе од овие симптоми, вие најверојатно имате високо ниво кортизол во вашето тело, ако сте пронашле 3 или 4 симптоми, тоа значи дека има шанси да постои нерамнотежа, но во моментов не е толку страшна, додека пак, под 3 симптоми значи дека сте во ред на оваа тема. Сепак, доколку се сомневате, можете да се консултирате со доктор.