Дали и вие погрешно го нанесувате дезодорансот? Еве кој е вистинскиот начин да го правите тоа!

Дали и вие погрешно го нанесувате дезодорансот? Еве кој е вистинскиот начин да го правите тоа!

Сигурно сметате дека ја одржувате вашата лична хигиена на добро ниво, особено кога станува збор за нешто едноставно како што е нанесувањето дезодоранс. Ако и покрај оваа постапка вашите пазуви сѐ уште имаат непријатен мирис, тогаш најверојатно правите нешто погрешно. Погледнете кои се највообичаените грешки и во иднина трудете се истите да ги избегнувате.

Дали и вие погрешно го нанесувате дезодорансот? Еве кој е вистинскиот начин да го правите тоа!

Користите погрешен производ

Дезодоранс и антиперспирант се два различни производа. Ако ве загрижува само мирисот, тогаш користете дезодоранс. Антиперспирантите содржат алуминиум-хлорид, состојка која ги блокира потните жлезди. Ако пак многу се потите, тогаш користете антиперспиранти.

Го нанесувате во погрешно време

Дезодорансот може да се нанесува во кое било време во текот на денот, но за антиперспирантите најпогодна е вечерта. Тоа е време од денот кога најчесто најмалку потите. Не е правило, но антиперспирантот подобро ќе се врзе за кожата пред другиот ден да се зголеми количината на пот.

Не ставате доволна количина

Понекогаш не е доволно да нанесете само малку од некое средство. За да ја избегнете несаканата дамка под пазувите, на пример кога сте на некој важен состанок, не штедете и нанесете поголема количина антиперспирант на целото подрачје за да бидете сигурни дека сте ги покриле сите потни жлезди.

Дали и вие погрешно го нанесувате дезодорансот? Еве кој е вистинскиот начин да го правите тоа!

Користите производ со силен мирис

Дали чувствувате дека понекогаш пазувите ве иритираат, по малку ве печат или ве чешаат? Жените кои имаат чувствителна кожа мора да избегнуваат дезодоранс со силна миризба, затоа што тие ја иритираат кожата. Пред да почнете да го нанесувате под вашите раце, испробајте ги на дланката (каде што ставате парфем) или пак едноставно изберете некои што немаат мирис.

Користите ист дезодоранс уште од многу одамна

Ако го нанесувате како што треба, но и покрај тоа чувствувате дека сте испотени, тогаш можеби е време да го смените производот. Можеби потните жлезди веќе се навикнале на таа формула. Телото може да развие резистенција на антиперспиранти и ако не престанете да потите, ќе ви се јават мокри дамки под пазувите, а на овој начин растат микроорганизмите кои носат непријатен мирис.

Доколку се одлучите за природен производ, тогаш наместо дезодоранс, искористете го ова овошје за да имате суви и миризливи пазуви!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар