Дали и вие ја перете облеката на погрешен начин?
Кога на етикетата ќе видите ознака „хемиско чистење“, повеќето би избегнувале тоа парче облека да го носат повеќе од еднаш, за да не би морале да го перат. Сепак, кога имате облека која и не е баш евтина, сигурно нема едноставно да ја ставите во машината за перење. За облеката да ви остане сочувана, потребно е да знаете како да ја перете. Откријте дали тоа го правите на вистинскиот начин!
1. Читајте што пишува на етикетата
Постои причина зошто некои работи мора да ги перете само на 30 степени, а некои можете и на 60. Така, дел од вашата облека би се уништила доколку ја перете во машина за перење, наместо рачно.
2. Омекнувачот за алишта навистина помага
Омекнувачот за алишта го прави истото што и балсамот го прави за вашата коса – тој се погрижува вашата облека да биде поубава и подобро да мириса. Исто така постојат и омекнувачи коишто помагаат исперената облека да ја врати бојата, па не двоумете се при неговото користење.
3. Нема потреба да ја перете облеката доколку сте ја носеле само еднаш
Секако дека блузата со којашто сте тренирале ќе ја ставите на перење веднаш штом се вратите дома, но фармерките, џемперите и кошулите слободно можете да ги носите и повеќе пати.
4. Не мора да значи дека облеката ќе се собере при перењето
Освен ако на етикетата не е назначено поинаку, не морате да се грижите дека вашата гардероба ќе се собере при перењето. Тоа повеќе би можело да се случи во машината за сушење алишта, па чувствителните парчиња облека не сушете ги на овој начин.
5. Кога ја сушите облеката не ставајте ја секогаш да виси
Кога парчето облека е осетливо, внимавајте на кој начин ќе го сушите. Од штипките може да останат трагови, па затоа подобро е да ги сушите налегнати.
6. Кашмирот, свилата и полиестерот можете слободно да ги перете во машина
Материјалите коишто ретко кој би ги ставил во машина за перење, може да се перат на овој начин, но на ниски температури. Сепак, внимавајте да не ги ставите заедно свилената блуза и панталоните од полиестер.
Иако имаме среќа што живееме во време кога сепак не мораме сè да переме рачно, мораме да внимаваме како го правиме тоа, со цел облеката да ни остане убава подолго време.