Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи?

Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи?

Сигурно мислите дека внимавате на хигиената на вашите очи откако носите контактни леќи, во однос на начинот на кој ги измивате и користите, но тоа најверојатно е далеку од вистината.

Новото истражување спроведено од магазинот „Optometry and Vision Science“ покажало дека само незначителни 2% од луѓето кои носат леќи ги следат правилата кои се однесуваат на хигиената, додека 80% од луѓето се во заблуда дека внимаваат на хигиената и правилно ги користат – известува британскиот медиум „NPR“.

Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи

Најлоши навики за оние луѓе кои носат леќи се кога тие спијат, се капат и пливаат без да ги извадат и не ги заменуваат на време, туку откако ќе ми истече рокот – известува NPR. Друга нехигиенска навика е потопувањето на леќите во употребениот раствор во кутичето за леќи, наместо секојдневно менување на течноста, како и фактот дека многу ретко ни текнува да го смениме кутичето за леќи и покрај тоа што добиваме ново, со секоја купена течност.

Во ова истражување, 72% од испитаниците се изјасниле дека почувствувале некаква неудобност поврзана со носењето леќи, а 47% пријавиле дека им се има појавено инфекција на очите од леќите.

ABC news“ ги истакнува потенцијалните проблеми кои можат да настанат од несоодветната хигиена на леќите. Помалку опасен проблем е конјуктивитисот, воспаление кое настанува како резултат на бактериска инфекција. Почетни симптоми се чешање и печење на двете очи, чувство на туѓо тело во окото, црвенило и замаглен вид. Неколкудневно користење капки за очи и соодветна нега, би требало да го решат овој проблем. Најопасно е инфицирањето од бактериите псевдомонади, акантамеба и е-коли, кои можат да предизвикаат губење на видот или целосно губење на окото.

Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи

Д-р Двајт Каванаг, кој го водел ова истражување, вели дека постојано има пациенти кои го губат видот, а биле инфицирани од бактеријата псевдономади. Има и пациенти инфицирани од амеба, бидејќи се туширале или капеле в езеро со нивните леќи.

За да се минимизира ризикот од овие компликации, Американската академија за офталмологија, Здружението на офталмолози за контактни леќи, Здружението Рожница и Американското здружение за рефрактивна хирургија и операција на очно перде, ги нудат следниве совети:

  • Пред секое допирање на леќите, измијте ги рацете со сапун и вода и убаво исушете ги со крпа која не испушта влакненца.
  • Избегнувајте контакт на леќите со вода (пред да пливате, извадете ги).
  • Никогаш немојте да ги измивате или да ги чувате леќите во вода, без разлика дали е стерилизирана или од шише.
  • Никогаш немојте да ги навлажнувате леќите со вашата плунка (во неа има многу бактерии).
  • Физиолошкиот раствор и капките за навлажнување на очите не ги дезинфицираат леќите.

Дали хигиенски ги користите вашите контактни леќи

  • Фрлете ги вашите стари леќи и заменете ги со нов пар кога ќе им помине рокот на употреба. Користете ги онолку, колку што ви кажал вашиот очен доктор.
  • Секојдневно измивајте ги вашите леќи со течноста за леќи и редовно менувајте ја онаа во кутичето за леќи.
  • Додека ги чистите леќите, нежно протривајте ги со вашиот прст и потоа исплакнете ги со течност за леќи.
  • Измијте го кутичето со течност за леќи, а не со вода и потоа оставете го да се исуши на воздух.
  • Најубаво е да ги менувате вашите леќи на секои три месеци.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Боби Reply

    Може ли да се спие со безбојните контактни леќи од фирмата “СОФЛЕНС ” . Благодарам

Остави коментар