Дали го имате пронајдено принцот на белиот коњ?

Дали го имате пронајдено принцот на белиот коњ?

Автор: Моника Димитровска

Сите девојки ги забораваат своите критериуми и очекувања од идеалниот партнер кој сакаат да го запознаат кога ќе се заљубат. Тогаш партнерот за нив е најсовршениот, најсоодветниот, најпривлечниот кој дотогаш го запознале. Но, што се случува кога еуфоријата околу новата личност која влегла во вашиот живот ќе згасне и почнувате вистински да го запознавате партнерот со кој го делите поголемиот дел од денот?

Дали тој е вашиот принц на бел коњ? Поставете си ги следните прашања и ќе дознаете.

Дали вашиот сакан е целосно искрен кон вас?

Искреноста е една од најважните фактори за успешна врска. Доколку забележите дека вашиот сакан не е целосно искрен со вас, ви раскажува една иста приказна на 23 различни начини, тоа значи дека вашата врска е пропадната инвестиција. Истото важи и за вас драги читателки, бидејќи искреноста е темелот на една успешна врска.

Дали се слушате барем еднаш во текот на денот?

Доколку вашиот партнер не покажува никаков интерес за вас преку ден, ако не го интересираат вашите активности кои ги вршите без него и знае да го заврти вашиот број само после 21 часот или само во пијана состојба, тогаш драги мои, кажете им на ваквите дечковци да си побараат друга играчка за вечерните часови откако нивната крв ќе се претвори во алкохол.

Дали и после 3 месеци од вашата врска, тој е сè уште загреан за вас како на почетокот?

Нормално дека врската не може вечно да го задржи својот жар, некогаш тој ќе згасне, по одреден период доволна ќе биде и мала искра за повторно да го разгори доколку љубовта е вистинска. Но, ако вашиот партнер после само 3 месеци, кога врската е сè уште кревка, го изгуби својот интерес, не постои причина да продолжите со него, тој не е за вас!

Дали ве запознал со неговите пријатели и семејството по одреден период од врската?

Доколку вашиот принц не сака да ја претстави својата принцеза на своите пријатели или на семејство, тоа покажува дека не е сигурен дали сака да остане со вас и дали сте вие навистина неговата принцеза.

Дали имате зборувано за вашата можна заедничка иднина?

Слично како запознавањето, незаинтересираноста за разговор поврзан со иднината на вашата врска дава знак дека вашиот принц прави планови за иднината во кои не ве гледа вас.

Дали имате взаемна доверба?

Довербата се гради со години, но потребена е само 1 минута да се сруши. Па, дали во вашиот случај има темел за градење взаемна доверба или пак таа уште на почетокот ја достигнала таа 1 минута за рушење?

Дали вашиот љубен е љубоморен?

Иако знаеме дека љубомората не е добра особина, сите девојки и жени имаат потреба да осетат дека нивниот партнер стравува од губење на тоа што е нивно. Од овој аспект љубомората во здрави рамки е нешто што е дозволено и треба да го има.

Дали ги изразува неговите емоции и чувства?

Кратко и јасно: „Љубовта не може долго да се крие таму каде што ја има ниту пак долго да се глуми таму каде што ја нема.“ Доколку вашиот партнер не ги изразува неговите чувства голема е веројатноста да ги нема.

Дали сте раскинале неколку пати претходно?

Тоа што се случило еднаш не мора да се повтори, но тоа што се случило 2, 3 или повеќе пати ќе продолжи да се случува. Тоа значи доколку вашиот партнер си дозволил да ве изгуби неколку пати и не почувствувал страв дека ве губи засекогаш ќе си го дозволи тоа пак и пак и пак…

Дали тој ве прави подобра личност?

Најважното од сите прашања…

1. Дали вашиот принц ве прави да се чувствувате како принцеза?

2. Дали покрај него вие чувствувате дека заедно може да го освоите светот?

3. Дали тој го вади од вас максимумот на вашите квалитети?

Кога ќе си ги одговорите овие 3 прашања ќе одговорите на насловот на оваа статија.

Запомнете, секоја девојка сака да го запознае својот принц на бел коњ кој ќе направи таа да се чувствува како принцеза. Па затоа девојки, доколку вашиот сегашен партнер не ги исполнува вашите очекувања и критериуми кои сте ги поставиле пред да се вљубите во него, НЕ ЗАДОВОЛУВАЈТЕ СЕ СО ПОМАЛКУ, пуштете го коњот на пасење, а вашиот принц ќе дојде! Како рекле старите трпение – спасение.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар