Дали е паметно да ја одложите менструацијата за време на летниот одмор?
Промената на циклусот не е невозможна, но секоја вештачка интервенција може да биде ризична доколку не сте внимателни. Летните одмори се прекрасно искуство доколку не се појават менструалните непријатности кои можат да ни го расипат уживањето. Според медицинските истражувања објавени во списанието „Контрацепција“, 17% од жените признале дека користат хормонска котрацепција за да ја одложат менструацијата.
Истражувачите од Универзитетот во Орегон, направиле анкета во која учествувале 1.374 студентки кои користеле комбинирана хормонска контрацепција во последните 6 месеци. Пола од нив сакале да ја одложат менструацијата за да немаат грижи за време на одморот, додека останатите имале помалку вообичаени лични причини за одложување на циклусот.
Колку е всушност безбедно да се земаат овие таблети и на кој начин се користат, објаснил гинекологот д-р Мима Фазлагич:
„Одложувањето на циклусот за време на летните периоди е многу популарно. Најлесниот начин е со употреба на котрацептивни таблети. Со продолжување на земањето на овие таблети се постигнува одложувањето на циклусот. Доколку една жена не користи редовно вакви таблети, тогаш е невозможно моментално да се одложи циклусот. Таблетите треба да се консумират 2-3 дена пред добивањето на циклусот, и се земаат 2 таблети на ден, онолку дена, колку што е потребно да се биде без циклус. Откако ќе се испие последната таблета, циклусот ќе се појави во рок од 3-5 дена. Овие таблети немаат понатамошно влијание на циклусот и хормонскиот статус.“
Секако, ова не значи дека циклусот целосно ќе го снема. Многу од жените можат да имаат мало крварење што не е штетно по здравјето. Најчесто ова се случува кај жените што за прв пат почнале да го користат овој метод со контрацепција.
Во секој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог. Ова се однесува особено на жените кои се постари од 35 години, оние кои пушат и кои имаат висок крвен притисок. Овие фактори можат да го зголемат ризикот од згрутчување на крвта, мозочен и срцев удар, па затоа треба да бидете внимателни доколку спаѓате во некоја од овие категории.
Прочитајте ги и овие 10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови.