Дали е опасно да пливате пред да помине еден час од вашиот оброк?

Дали е опасно да пливате пред да помине еден час од вашиот оброк?

Сите ние кога сме биле помали сме слушале од нашите родители дека мора да почекаме да помине барем еден час од последниот оброк пред да одиме да пливаме. Доколку не ја почитуваме таа граница би можело за време на пливањето да ни се појават грчеви и да се удавиме. Всушност постојат неколку цврсти факти кои ја објаснуваат теоријата позади оваа приказна.

Дали е опасно да пливате пред да помине еден час од вашиот оброк?

Откако ќе изедете нешто, вашето тело го зголемува протокот на крв до вашите стомачни мускули за да помогне при варењето на храната. Колку поголем бил вашиот оброк, толку повеќе оксидирана крв му е потребна на вашиот желудник за варењето. Тоа значи дека многу помалку од крвта преостанува за вашите раце и нозе (за кои што исто така е потребно зголемување на протокот на крвта во ситуации како пливање или трчање). Недостатокот на витален кислород кај вашите мускули може да предизвика згрчување, притоа зголемувајќи го ризикот од давење.

За рекреациски пливачи, ризикот од згрчување на мускулите по јадењето всушност е многу мал. Вашето тело има повеќе од доволно кислород за да биде распределен и кај стомакот и кај екстремитетите. Вистинската опасност се наоѓа кај оние кои јадат големи оброци пред строги вежби, како подготовки за триатлон. Вакви ситуации можат да доведат до грчење, како и до повраќање. Но дури и тогаш, медицината вели дека шансите за давење се многу мали доколку останете смирени при појавата на грч додека сте во вода.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Keti Reply

    Tocno deka treba da se pomine eden cas od pojadokot za da se odi na plaza da se izbanjame za da moze hranata da se svari,krvta ke prestane da ucestvuva vo prenesuvanje na hranata za pojadok sto sme ja izele deka za eden cas dovolno e celata hrana od pojadokot krvta da ja preraboti i da ja prenese do organizmot do site kletki a dokolku hranata e za rucek i e meso e mesoto edno dva casa krvta uspeva da go prenese do site organi hranata od meso potesko se vari:(:(:(:(:(

Остави коментар