Дали е безбеден сексот во вода?

Дали е безбеден сексот во вода?

Сексот во вода звучи навистина возбудливо. Кога сте во базен или езеро, вие сте речиси голи, па зошто да не го направите тоа? Пред да се одлучите на ваков чекор, мора да бидете свесни за негативните страни на сексот во вода. Пред сè запрашајте се колку е тоа безбедно. Сексот во вода не е добра идеја, особено за жените.

Дали е безбеден сексот во вода?

Кондомите и водата едноставно не одат заедно

За сексот во вода важат истите правила – мора да биде заштитен. Најголем мит, а воедно и глупост е тоа дека во вода не можете да забремените. Доколку зборуваме за секс во када, треба да знаете дека жешката вода може сериозно да влијае врз издржливоста и квалитетот на кондомот. Исто така, без разлика дали станува збор за секс во када, езеро или базен, веројатноста за кондомот да се излизга и падне е голема, особено поради средствата кои се користат како лубриканти.

Влажност

Ќе помислите дека сексот во вода допринесува за поголема влажност. Лага! Водата ги мие природните течности од вагината, па сексот во вода може да биде болен и непријатен како за жените, така и за мажите. Доколку сепак се одлучите на секс во вода, најдобро би било да користите силиконски лубриканти бидејќи се водоотпорни.

Несакани појави, инфекции

На ова особено треба да внимаваат жените и девојките. Водата од езерата, реките, базените, морињата, содржи многу бактерии и најверојатно последиците од ваквиот секс ќе бидат несакани и непријатни инфекции. Водата од базените содржи многу штетни хемикалии како хлорот, додека пак солената вода од морето со сигурност ќе ви донесе непријатности. Исто така, погрешно е пробувањето да се користат купките или геловите за туширање како лубриканти, бидејќи тие се вистински непријатели на чувствителната слузокожа.

Други алтернативи

Би било најдобро водата да ја користите за предигра. Може да ја загреете атмосферата во вода, а потоа да излезете на суво. Во домашни услови, доколку сакате да пробате нешто ново, можеби би било подобро да имате секс под туш.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар