Дали би носеле градник од синџири?

Дали би носеле градник од синџири?

Ако барем некогаш сте помислиле, а можеби и во моментов мислите дека градникот е вистинска направа за мачење само во убав, романтичен и женствен облик, баш нè интересира што ќе помислите откако ќе го видите новиот моден тренд – градник од синџири! Најнапред, што прво ви паѓа на памет? Најверојатно нешто неудобно, чудно и нешто што сигурно не може да изгледа убаво, романтично и женствено… Фотографиите што ви ги подготвивме ја покажуваат најубавата страна на овој моден тренд, но сепак мораме да нагласиме дека овој дел и понатаму е под знак прашалник.

1-moderno-ili-pak-premnogu-dali-bi-nosele-gradnik-od-sindzhiri-www.kafepauza.mk_

Зошто? Добро, знаеме дека модните трендови не секогаш мора да бидат логични, практични и слично, но сепак тоа е прашањето што најпрво си го поставуваме кога сакаме да купиме нешто за нас. Што е ова? Како се носи? Дали ќе ми прилега? Дали ми треба? Сите овие прашања се „вртат“ околу некоја цел, а која е целта на градникот од синџири? Потпората, добриот изглед, обликот на градите и останатите функции кои „нормалните“ градници ги имаат, овој модел сигурно ги нема! Па така, кои добра може да ни ги донесе овој моден тренд?

2-moderno-ili-pak-premnogu-dali-bi-nosele-gradnik-od-sindzhiri-www.kafepauza.mk_

Во принцип, ако очекувате некоја корист од овој градник, тогаш нема да ја добиете, бидејќи ја нема. Всушност, единственото нешто што може овој модел на долна облека да ви овозможи е момент на заводливост и сексапил, бидејќи и самите ќе признаете дека изгледа убаво. Но, како што кажавме, освен естетиката, нема други предности.

3-moderno-ili-pak-premnogu-dali-bi-nosele-gradnik-od-sindzhiri-www.kafepauza.mk_

Доколку по секоја цена сакате да ги испробувате новите трендови и ви е многу важно секогаш да се истакнувате и да бидете оригинални и поразлични, тогаш веруваме дека ова интересно парче веднаш ќе се најде во вашата фиока и дека успешно ќе го комбинирате понатаму. Можеби можеме да кажеме дека ова повеќе личи на парче накит отколку на долна облека, бидејќи со него накитот дефинитивно нема да ви биде потребен, особено ако го комбинирате со некоја лесна блуза со тенки прерамки или со едноставна бела кошула од која дискретно ќе се наѕира.

5-moderno-ili-pak-premnogu-dali-bi-nosele-gradnik-od-sindzhiri-www.kafepauza.mk_

Изгледа убаво и интересно, дефинитивно ќе му се допадне на вашето момче, а доколку естетиката ви е пред сè, тогаш задолжително набавете еден градник од синџири.

7-moderno-ili-pak-premnogu-dali-bi-nosele-gradnik-od-sindzhiri-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар