Дали би го пробале овој десерт инспириран од коронавирусот?

Дали би го пробале овој десерт инспириран од коронавирусот?

Кафуле во историскиот центар во Прага измисли десерт во облик на коронавирусот што е обид за кревање на бизнисот, а изгледа дека тоа навистина им успева, бидејќи овој десерт е веќе хит меѓу луѓето. The Black Madonna e кафуле кое постојано е полно со туристи, но поради пандемијата бизнисот стои во места, бидејќи земјата се бори со една од највисоките стапки на инфекции со коронавирус во Европа.

Креаторот на десертот, Олга Будник, вели дека идејата ја добила за време на карантинот. Нашла фотографија на Интернет од коронавирус и веднаш решила дека треба да измисли таков десерт. Десертот е помал од тениско топче, има кора од чоколадо, бело чоколадо и сушени малини. Внатре има полнеж од ф’стаци и малини. Овој десерт е многу познат, а тие продаваат дури повеќе од 100 на ден.

Кафуле во Прага измисли десерт инспириран од коронавирусот

Погледнете ги најдобрите тетоважи инспирирани од коронавирусот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар