Дали алуминиумската фолија е штетна по здравјето?

Дали алуминиумската фолија е штетна по здравјето?

Дома често користиме алуминиумска фолија, но дали таа е опасна по здравјето?

Дали алуминиумската фолија е штетна по здравјето?

Алуминиумот е насекаде околу нас – тој се појавува и во природата и е трет најзастапен елемент во земјината кора. Во својата природна состојба, обично се врзува за други елементи како што се фосфати и сулфати, така што покрај амбалажата за пакување храна, садови за печење, па дури и козметика, се наоѓа и во почвата, во нашата вода за пиење и во нашата храна – овошје, зеленчук, месо, риба, житарки и млечни производи.

Адитивите за храна како конзерванси, бои и вештачки згуснувачи исто така содржат алуминиум.

Според научниците, покаченото ниво на алуминиумот во организмот може да биде штетно за здравјето на луѓето. Некои истражувања откриле дека овој метал може да биде поврзан со Алцхајмерова болест, бидејќи кај луѓето со ова заболување биле забележани зголемени нивоа на алуминиум. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се потврди оваа поврзаност.

Од друга страна, во однос на алуминиумската фолија, според Светската здравствена организација и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации дозволени се ниски нивоа на алуминиум во телото, околу два милиграми на килограм телесна тежина неделно. Освен тоа, истражувањата покажале дека алуминиумот кој се наоѓа во садовите и фолијата може да навлезе во храната, но тоа зависи и од температурата на која готвите, киселоста на храната и присуството на други состојки.

Засега нема цврсти докази кои покажуваат дека внесот на алуминиум од алуминиумската фолија може да биде поврзан со зголемен ризик по здравјето. Но, во секој случај, добро би било да ги избегнувате колку што можете алуминиумската фолија и садовите обложени со алуминиум.

Откако прочитавте за алуминиумската фолија и нејзиното влијание врз организмот, можеби ќе сакате да прочитате и за 9-те начини за искористување на алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар