Дали ако вежбате двапати на ден поголеми се шансите повеќе да ослабете?
Имате важен настан, а немате многу време. Конечно сфативте дека мора да почнете со интензивно вежбање. Не, ќе вежбате по двапати на ден. Дали ова ќе резултира со подобри резултати во вашиот напор да ослабете што повеќе до тој посебен ден? Или можеби само ќе си го оптоварите и повредите телото?
Многумина не наоѓаат време ни за вежбање по 2-3 пати во неделата, а камоли да вежбаат по двапати во еден ист. Но, доаѓаат такви важни моменти во животот, кога сета мрза и сите обврски поради кои немаме време, успеваме да ги тргнеме настрана и да најдеме мотив, желба и сила за вежбање дури и повеќе од потребното. Но, дали ова ќе помогне?
Повеќе не е секогаш повеќе. Прекумерното вежбање може да резултира со полоши резултати, но зависи колку време имате вкупно за тренирање. Доколку имате повеќе од 2 недели, не почнувајте со двојни тренинзи во еден ден, бидејќи вашето тело нема да може да го поднесе тој напор и така ги зголемувате шансите да се повредите.
Но, ако веќе сте вежбале континуирано 6-8 недели и сега сакате да се напрегнете за да постигнете врвни резултати пред големиот настан, направете го тоа. Додавајќи втор тренинг во последните недела или две, ќе го забрзате вашиот метаболизам и ќе добиете повитко тело.
Следете ги овие правила:
1. Во текот на утрата, додека сте свежи, правете поинтензивни вежби за зајакнување. Подоцна вежбајте помалку интензивни кардио вежби.
2. Барем еднаш во неделата не вежбајте воопшто цел ден.
3. Не правете ист сет вежби наутро и навечер.
4. Слушајте го вашето тело. Заздравувањето по вежбањето е различно кај секого. Ако не можете да дигате толку тешки тегови или да ја завршите втората серија со иста тежина, значи сте се префорсирале и многу подобро е да се задржите на едно вежбање во текот на тој ден.
Со среќа!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.