Дајте му оддишка на вашиот изморен мозок и почнете да си ја следите интуицијата!

Дајте му оддишка на вашиот изморен мозок и почнете да си ја следите интуицијата!

Дали знаете дека вашата потсвест може многу побрзо да сфати некои работи за разлика од вашата свест? Едно истражување од 2016 година открило дека ако го употребувате вашиот инстинкт, односно несвесните емоционални информации, ќе можете да донесувате подобри и посамоуверени одлуки. За жал, живееме во свет преполн со информации и честопати им даваме преголемо значење на надворешните влијанија. Интуицијата треба да нѐ потсети дека ние ја поседуваме моќта и да нѐ насочи кон вистинскиот пат. Прочитајте ги следниве техники што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата интуиција…

Дајте му оддишка на вашиот изморен мозок и почнете да си ја следите интуицијата!

Обрнете внимание на болките

Кога вашата интуиција не е сигурна во врска со нешто, тој сомнеж може да се изрази на физички начин. Знаците што ви ги праќа телото можеби се одговорите што вашиот мозок не сака да ги чуе. Некои луѓе забележале дека имаат поголеми болки во мускулите кога нивната интуиција се обидува да ги предупреди во врска со некој човек или ситуација.

Создадете си тивок простор

Создадете си простор каде што никој нема да може да влезе и одете во библиотека, закажете си масажа или почнете да одите на часови по јога. Повременото исклучување од секојдневието може да ви помогне да се сконцентрирате на она што ви се случува однатре.

Замислете си го третото око

Според хиндуизмот, третото око се наоѓа во центарот на вашето чело, помеѓу веѓите и функционира како прозорец помеѓу интуитивниот дел од вашиот мозок и надворешниот свет. Обидете се да си го замислите вашето и потоа затворете ги вашите вистински очи и замислете си како „повисокото“ око ви се отвора. Вдишувајте и издишувајте 5 до 8 пати. Колку и да ви звучи чудно, оваа вежба ќе го олесни струењето на информациите што ви ги праќа вашата интуиција.

Забележувајте ги знаците

Кога ќе забележите некои среќни случајности, како на пример совпаѓање на некои бројки и датуми, на тој начин вашата интуиција можеби ви дава зелено светло. Замислете си дека сакате да купите нов стан и одеднаш забележувате дека неговиот број е ист со роденденот на мајка ви. Иако овие судбински знаци се значајни, треба да внимавате и на логичките факти. Ако не можете да си ја дозволите цената на станот, треба да продолжите со потрагата.

Погледнете ги и овие 8 силни знаци дека сте изгубиле контакт со вашата интуиција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар