Дадилка што работела со 100 семејства ги открива најголемите грешки на родителите
Според разни анкети, луѓето ги сметаат следниве настани за најтрансформативни – брак (58%), развод (49%), станување баба/дедо (40%) или пензионирање (38%) и станување родител (76%). Најверојатно ова е причината што една искрена објава од искусна дадилка стана толку популарна на социјалните мрежи.
Откако работела со над 100 семејства, дадилката заклучила дека познава само тројца луѓе кои се навистина среќни. Според неа, повеќето родители се под стрес и преморени, а нивните бракови се пред распаѓање. Уште потажно е што тие воопшто не го забележувале ова. Поради тоа, дадилката одлучила да сподели неколку совети кои ќе ви помогнат да ја зачувате среќата во бракот и откако ќе имате деца.
1. Не мислите на финансиската состојба
Над 50% од родителите се под стрес поради нивната финансиска ситуација, а 63% тврдат дека ја жртвуваат нивната финансиска стабилност за децата. Овие околности всушност предизвикуваат конфликти во семејствата.
„Заработувајте доволно за да си овозможите дадилка. Не мислам за еднаш неделно. Мислам за дадилка за цел ден за време на викенд, и барем 2-3 вечери во текот на неделата.“
2. Мислите дека имањето повеќе деца го прави бракот посилен
Не постои оптимален број на деца што би создал совршено семејство. Но, важно е да сфатите дека децата не се начин да го направите бракот посилен. Па немојте да имате деца само за оваа цел. Истражувањата покажале дека родителството може да има лошо влијание и врз двајцата партнери.
„Имајте само едно дете. Едно може да биде забавно. Две се справување. Три, само се обидувате да ги одржите во живот.“
3. Децата ги правите приоритет
Според еден од модерните митови за одгледувањето деца, колку повеќе внимание им обрнувате, толку е подобро за нив. Но претераниот притисок може само да им наштети, наместо да им направи добро. Родителите кои сакаат нивните деца да го имаат најдобриот живот треба да поминат повеќе време обидувајќи се да станат најдобри сопружници.
„Запомнете дека најважната врска во вашиот живот е помеѓу вас и вашиот партнер. Имањето бебе може да биде возбудливо, но ако зборувате само за вашето дете, ќе се изгубите еден со друг.“
4. Не учите да станете родител и не преземате одговорност за детето
Според истражувањата, доколку малите деца растат во стресна околина, на пример со насилство или недоволна грижа, тоа може да има негативно влијание врз нивната интелигенција. Не надевајте се дека сè ќе се реши само по себе. Не постојат совршени родители, но тие секогаш се одговорни за децата.
„Научете да бидете родител! Знајте што правите со вашето дете. Не можам да го нагласам ова доволно. Најлошите семејства што ги гледам се оние каде што родителите не знаат што прават и децата се чудовишта. Би рекла дека 90% од родителите што ги гледам се ужасни. Ова не е преувеличување. Ако вашето дете е чудовиште, тоа е 100% ваша вина и 100% во ваша контрола.“
5. Ја првите улогата родител најважна во животот
Децата на претерано грижливите родители имаат 3 пати поголеми шанси да страдаат од анксиозност и депресија. Родителската рутина е неизбежна, но фокусирањето само на родителството и жртвувањето на другите нешта е грешка. Треба да користите ваш пример за да им објасните сè на вашите деца, вклучувајќи ја и убавината на светот.
„Вие сте повеќе од родител. Вие сте личност која исто така е и пријател, сопруг, вработен. Излегувајте со пријатели, вежбајте, одете на часови, правете нешта без вашите деца, имајте долги разговори кои не се за вашите деца.“
6. Се ослободувате од миленичињата штом имате деца
Според експертите, растењето со милениче има позитивно влијание врз развојот и самодовербата на детето. Некои луѓе сметаат дека немаат доволно време за миленичиња кога имаат деца. Но, процесот на адаптација не е толку тежок колку што изгледа на почеток.
„Ве молам не се ослободувајте од, или не го запоставувајте вашето куче или мачка само затоа што сте имале дете. Едноставно немојте.“
Погледнете и кои се грешките што речиси сите родители несвесно ги прават.